фатаморгана (ж.)
Ги гонат фатаморганите на палмините сенки и ладните извори, и тие одат сè понатаму, сѐ понатаму.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сега знам: тоа тогаш беше пустинска фатаморгана, виѓаваш нешто што го нема!
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Овие сокаци на пладне се тивки и мирни, па се чини, да не била некаква фатаморгана, она што можеше да се види и почувствува изутрината.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
„И кога го гледам тој невозможен град, мислам дека пред мене стои фатаморгана, сон, измама на очите!
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ја бакнувам по врвот на носот: - Не се сите фатаморгани. - Да! Да! – се отрга и скока врз каучот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Не, не се во прашање фантазии или фатаморгани!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Од страв дека во својата жед по знаење, како изгубен патник во пустина, се затрчал кон некоја фатаморгана за да се напие од изворот што, всушност, не постоел.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
-Како фатаморгана во пустина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
По ламаринените покриви се прелеваа светлите фатаморгани на сонцето, како треперливи бакарни светулки чиј отсјај создаваше илјадници сонца во очите на набљудувачот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Зашто започне ли неверството
саможивата фатаморгана
отцепувањето на душата од обликот
го отне ли меморијата својот демонски вртлог
во тебе можеби ќе се пресели, божем привид
птицата која се успива врз крстот на бескрајот
далеку од дното за коешто залудноста нѐ приковува
како за живот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Кога во пустината Мохаве ќе се качиш на највисокиот врв, под тебе се протегаат суви долини прошарани со кактуси и Џошуа Трис, песочни ридови и карпести планини, некакви езера и слични фатаморгани...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Нели беше само фатаморгана, што му се јавува на очајникот во пустиња, тоа наслутување на спасителниот потез? - помислува тој.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Можеби памтењето намерно ме лаже
не е исто да се доживее и да се раскаже
можеби сонот е фатаморгана
и сонувачот
можеби оние кои ме повикаа
морето да им го вратам
барем со збор
и не се веќе риби
можеби се реслови
од некој дамна свршен лов
или од оргијата која претстои
меѓу морските широчини на
овој од себе заведен свет
како и да е
јас и понатаму
времето го мерам со сонот
нив ги препознавам
во нешто сосем лично
и се одвикнувам од животот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тој е како фатаморгана, низ него со поглед можеш да поминеш: тоа е безбројната, бесформната содржина на ништото кое постои, се движи, зовриена движечка сила што го тера телото да се движи.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тоа е реалноста на животот, партитурата се повторува како пејсаж осипан со оази на привидно блаженство во кое нема место за вистините на срцето, жед за вода во пустина и фатаморгана во која постојат само “вистински лаги”.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И чанти, ранци со спортска опрема... купишта, па кога ќе се тргне од сабајле, сите влечат и, тамам помислуваш дека празното претсобје е фатаморгана, веќе во следниот миг знаеш дека ломот што го гледаш во кујната е вистинската реалност.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)