фереџе (ср.)
Фереџе, пусто, фереџе, те колнам, луто те колнам, клетва од оган посилна, клетва од камен потешка, клетва од смртта пострашна!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Слушајте сестри туркинки скршите лоши адети, фрлајте пусто фереџе, во ваши срца ранети радоста нека заигра...
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Многу Турчинки го симнаа фереџето...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Многупати, под фереџето, се криеја мажи и така се извлекуваа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Добро кога беше маж под фереџето, ама кога не беше?!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама, кога и тогаш Атиџе не се појави, стрештен си помисли на три работи: или таа си игра со него и се кикотка зад фереџето што не го помрднува, преправајќи се дека е некоја друга, колку да види до каде достасува неговата верност и приврзаност: или бегот ѝ забранил да доаѓа повеќе во амамот, зашто ѝ кажал дека ја открил: или пак таа не иде во амамот зашто е навистина болна.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Но, кога кожата на Атиџе се смири, го повлече црвенилото и под наборот го подаде младиот и тенок слој на голуждраво птиче, па кога Атиџе ги поврати своите стари навики, одејќи со придружбата секој вторник на капење во Чифте-амамот, а бегот него штедро го награди и го испрати назад во Блатието - тој секој вторник, зиме и лете, напролет и наесен, дојден во градот како пијан, се гледаше себеси како цупка пред амамот, чекајќи таа да се појави и само малку да го потргне фереџето, божем ветер го сторил тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Три дена само бладаше и спомнуваше некаква Атиџе која го замајува преку тенки фереџиња, а со голи колкови.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
4. Меѓусвет: габи
Нивните форми ни сраснуваат за погледот
и се огледуваат, привидни призраци, во воздухот:
чадорчиња затворени со сласна слузокожа
во бела мека лека обвивка
памучни жизнерадосни белутраци
млечни фереџиња
повлечени, со тек на време
како лажни ветувања
демодирани манири
на постоење;
дволики појави, многуглави ламји
- сенките предвреме да се насетуваат
со флуид на влекачи и глодари
за да биде кошмарна прошетката
да има наезда на невестулки
да има сѐ на претек:
царски ѓубрарки, сончарки
или „кукмарки“ (име за сѐ!)
галапки, пупавки, млечки, рујни рујници
јајчарки со боја на манго
на папаја, јапонско лале или јаболко
летни вргањи распукани како петици
како суводолица
збувнати небаре херпес по грозница.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ој ти Хатиџе анумо без фереџе за тебе ќе потрошам едно цело чекмеџе бегалка те грабам кај мене во Цирих ќе водиме љубов на кинески тепих
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Безумен предавнички поглед, во длабок понор молскавично блесна помислата за коренити преданија на неверна жена... со фереџе го прикри твојто лице..?
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)