филантропија (ж.)
Обичното чувство на наклонетост се претвора во општа благонаклонетост, филантропија која е бескрајно толерантна, бидејќи за нејзе моралниот кодекс станал небитен.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Но, и тоа беше подобро од преголемата сензитивност, сентименталност и филантропија на Ворен кој го замислуваше светот како Woodstock, како еден голем, сеопфатен хипи концерт, како една глобална комуна.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)