филоксера ж.

филоксера (ж.)

До Балканските војни, првата и втората, Сојузничката против Турците и Меѓусојузничката, кога Србија и Грција стапија во сојуз против Бугарија и до крајот на првата Голема војна, светската, на местово на денешниве ливади под шумата се простираа надалеку прочуени лозја. Но војските и филоксерата ги уништија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Викнав првин од Солун еден Грк, кој ни посочи друг Грк од Деде-Агач и нему му испративме две буриња вистински лек против филоксера. Тие лесно минале преку царинарница.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Борис Сарафов, како што ветил, купил динамит и преку Марсеј во 17 буриња, како лек против филоксера, го испратил за Деде-Агач, бидејќи контролата во солунската царинарница била построга.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бидејќи тој беше мелинит и немаше изглед на обичен динамит што Турците го знаат (тој беше жолт прав во 1.000 пакетчиња по еден килограм), мислевме дека ќе може да мине преку турските царинарници како лек против филоксера.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)