фирма ж.

фирма (ж.)

Српските воспитаници што работеа под бугарска фирма ја создадоа и ја поткрепија македонската револуција; на нив се должи и политичкиот сепаратизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако автономијата на Македонија се јави како резултат на сегашното востание, тогаш македонското прашање ќе се реши не во полза на Македонците, а во полза на Бугарите, зашто комитетот, како што видовме погоре, работи под бугарска фирма.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Српските воспитаници играат важна улога во македонското прашање, без да се обраќа внимание на тоа дали тие работат под бугарска, под српска или под македонска фирма, како и без разлика дали се тие во морален однос луѓе високи или не.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од фирмата Класна лотарија во нас гледаше и се смееше жолто лице, безгрижно и тркалесто како портокал.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Правилно тркалестото лице на месечината полека раснеше зад покривите; со своите дамки таа ми личеше на безгрижен човек со избричена глава, каков што гледаше од фирмата на продавницата со лотарија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Човечето од фирмата „војно-цивилен кројач“, ги собра заканувачки рамениците.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Молчеше. Како секогаш што молчеа и другите две човечиња, залепени со маслени бои на избледената фирма „војно-цивилен кројач“.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Арсо многу личеше на нацртаните луѓе од својата фирма - „војно-цивилен кројач“; беше здрвен, безизразен, шашлив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Додека трчав да ви соопштам ги избришаа и фирмите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во фирмата не нѐ примаа повеќе на работа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На судот ја ислушаа фирмата, нѐ ислушаа сите работници што работевме на зградата, и почна расправијата: едно судење, две, три; едни тврдеа едно, други друго; главниот сведок што бил во близината на Ѓеро, на последното судење ја сврте работата изјави дека Ѓеро бил крив; скокна Анастас во судницата, свика: нема човештина, нема совест, за пара и душите си ги продаваме и во лутината му удри шлаканица на главниот сведок; настана расправија и Анастас го осудија на три месеци затвор; издржа еден месец и го пуштија бидејќи плати глоба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но набргу ете ти несреќа: ненадејно се сруши еден ѕид од куќата и го потфати Ѓеро; го извлековме здробен од камењата: го исплакавме и побаравме оштета од фирмата; фирмата не сакаше да чуе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Работите „Бетон“ ги презема преку најголемата посредничка фирма во Западна Германија - „Холцман“, која со инвеститорите работи врз принципот „клучот - в раце“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На градилиштето се сретнав со инж. Бекар, директор на градилиштето на фирмата „Холцман“, за која работат „бетонците“, и го прашав што мисли за работата на нашите луѓе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Зошто фирма, господине, вели Доксим Тренчески, кој ќе чита овдека фирми.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Јели бре, ди ти je фирма, прашува Јоле и ја спушта пушката меѓу колена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На аголот на калдрмираната улица влегов во дуќанот со жолта фирма, на која неспретно, но детално беше насликан часовник.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Повторно бев пред дуќанот. Часовникот на жолтата фирма покажуваше пет минути до десет.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
ЗОО речиси целосно им е „посветен“ на животните: во рамките на неговата колажна сценографија се појавуваат на пр. логоа на фирми што употребуваат животни (Камел, Самсон), видеоснимки и филмови за животни, цела митологија врзана за нив (Леда и Лебедот), а најмногу нивното физичко распаѓање (додека во ДАВЕЊЕТО ПО БРОЕВИ се појавуваат убиени животни).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како и ронинот кој нема свој клан, жената- професионалец често се чувствува исклучена од кланот во фирмата или претпријатието, без сојузници и поддршка.”
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Повеќе