фиљан зам.

фиљан (зам.)

До овој саат фиљан ќе биде кај нас на гости како при тетка, а од тој саат натаму му се знае — главата негова ќе оди на местото од парите.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Парите оставете ги на фиљан и фиљан место под тој и тој камен за да си ги земеме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Заповедал царот да се соберат сите синои и што имат татко и што немат во фиљан ден.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дедикар Икарал се срушил во фиљан фиљан земја Македонија.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Појде кон Татковата библиотека на нова серија турцизми кои се однесуваат на човекот (телото, роднинската терминологија), според претходниот договор, којшто според двајцата требаше да се испочитува до крајот кој полека и се ближеше, ако не дојдеше до неочекувано запирање на некои зборови со посебно значење, како што беше случајот со турцизмот фиљан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)