формалност (ж.)
Тоа не го прави зашто е обврзан со формалности: не е свикнат да го бараат на друго место освен на паркиралиштата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кога завршија сите гранични и царински формалности, заедно со лицата кои нѐ пречекаа близу граничната линија за првото добредојде, нѐ воведоа во една посебна просторија во граничната зграда, за средби со странски делегации.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Следуваат граничните и царинските формалности. Млад цариник со излитена зеленикавосива униформа го прелистува мојот пасош.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Признавањето беше само формалност: иако мачењето беше вистинско.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Обновувањето ќе биде формалност еднаш годишно, како што е обновувањето на книшката за снабдување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Може да се рече дека се работи за обична формалност.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Одеднаш, на авторот му стана јасно: судот и не можеше да ја донесе пресудата без мислењето на Комитетот, а на Комитетот веројатно му биле потребни претходни формалности врз кои ќе ја заснова својата препорака до судот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Човеков само се труди да ги задоволи формалностите што се запишани негде во Правилникот (ако постои таков Правилник).
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
При минатата посета, кога му реков на Роман Саздов Грофот дека доаѓам врз основа на неговата покана за да дадам некаква изјава, (се разбира, не му го изрецитирав и бројот на канцеларијата во која требаше да се јавам според поканата), Грофот ми објасни дека не треба да им обраќам преголемо внимание на таквите формалности.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Твојот потпис беше чиста формалност заради оние загубени документи и непрецизните одредби во законите. Но што ти значи она, другоно?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Но да ги оставиме настрана недоразбирањата и формалностите.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)