фудбалски прид.

фудбалски (прид.)

Младичот често остануваше да средуват заедно по рафтовите, ги местеа ќепенците, а веќе не разговараа само за фудбалските натпревари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога запролети тие двајца знаеја да го затворат своето дуќанче и во неделните попладниња да заминат на фудбалските натпревари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се прегрнуваа тогаш и се пуфтаа по рамената, како две разбеснети живинки, врескајќи притоа насилно од сите други нивни врескања на фудбалските натпревари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За награда добивме две фудбалски топки со кои ги заменивме крпениците.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Чекаше. Во кафеаната, гостилничарот и пет-шест гости, сите мажи, слушаа радио- пренос од некој фудбалски натпревар.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Никој веќе не мислеше на фудбалскиот натпревар за што бевме собрани.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Имавме и фудбалски клуб. Јас бев одличен центархалф... Ме викаа Боро Камшик...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сакаш ние двајцата да одиме на стадион - на фудбалски натпревар? Може? Дозборено?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Изгледа како да влетав во самиот центар на фудбалскиот натпревар после будењето од нагла смрт.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во барот има телевизор со екран колку фудбалско игралиште, ирски песни на џубоксот, запалива атмосфера околу масата за билијар.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во слободно време ги носеше на кино, на циркус, на капење во базен, во зоолошка градина, на коњски трки, на фудбалски натпревари; и кога шетаа, за едната рака го држеше мајка им, а за другата тие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го свртев погледот десно и на ѕидот ја здогледав огромната фотографија на неговиот партиски водач; бев изненаден, оти само до пред неколку месеци на тоа место стоеше постер на омилената фудбалска екипа на Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Свадбено патување (Американско - галичка верзија) На излезот од матичарот групна фотографија на два пријателски фудбалски тима и две-три надежни баскетџики кои скокаат за топка.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
8. Редовно се собираа сликички од фудбалери од светски и европски фудбалски првенства.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Еднаш по службена должност и уредничка принуда изгледав еден фудбалски натпревар.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во Европа е три попладне и штотуку започнува фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Шкотска.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
2. Генерално, не бевме бог знае каков расадник за фудбалски кадри.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Работи што се тркалаат сонцето, од пладне до полноќ; тинејџерки на ролерки на кеј лете; ти, во тревата, кога си весел; портокал испаднат од ќеса во гепек; Сизифовиот камен; количката на скалите во „Крстосувачот Потемкин“; нечија отсечена глава; клопчето на Аријадна; оревчиња на Бадник; капка пот помеѓу големи цицки; фудбалска топка во неуспешно бегство од зелениот терен; една солза, па уште една, па две-три; Големото тркало; годините, и ние со нив.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Паметам дека во оваа насока беше футбалскиот стадион.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму нѐ носеа не за да гледаме футбалски натпревари, туку во трчање и играње на зелениот килим од ниско искосена трева да го поминеме половината ден.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе