функционер м.

функционер (м.)

Во 1942 година е уапсен и осуден на смрт со бесење како организатор на атентатот врз бугарскиот висок полициски функционер во Скопје, озлогласениот Мане Мачков, казната е преименувана во доживотна робија која ја издржува во скопскиот затвор Идризово.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Еден висок функционер ни чита на српски, а Оливера ќе рече: што е ова, Небеска, да не нѐ школуваат за Срби?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Партиските функционери, специјализирани по козјото прашање, добро знаеја што може да стори неписмениот Чанга со козите, но немаа размислувано што би можел тој да стори описменет, со нови знаења за козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга скришум, преку своите верни козари, им испраќаше на функционерите млеко, сирење, така што речи­си сите ги имаше „в рака”, како што самиот му рече еднаш во шега на татка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еден ден сите ќе ни платат, и козите и козарите, ќе заврши, еднаш засекогаш, ова проклето козјо време, дополнуваа утешно партиските функционери во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На сите им беше заедничка амбицијата како да си ја задржат власта над луѓето во езерската земја, почнувајќи од функционерите од локално, па сѐ до републичко и федерално ниво.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Извештајот предизвикал реакција кај британските функционери во Форин Офис кои, традиционално гркофили, се идентификувале со Грците и ги бранеле нивните интереси дефинирани од режимите во Атина.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Еден од функционерите на тајната полиција, некојси Панајот ефенди, кој порано служел во Велес, ги познавал речиси сите велешани од Кружокот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Висока интелектуалка со задник до петици. - Висок функционер со воловски врат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вие сте истовремено прозаист, драматичар, книжевен историчар, лингвист, критичар, теоретичар, издавач, функционер, рецензент, а всушност сте на работ на функционална неписменост.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
5. Голем дел од македонските политичари функционери членуваа во управата на ФК Вардар.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Беше еден од незаборавните министри во Сојузното министерство за надворешни работи, каде со почит и восхит зборуваа за него од вратарите до високите функционери.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Избран или именуван функционер, службено лице и одговорно лице во ЈП или друго правно лице што располага со државен капитал не смее да прима лични подароци или ветување за подарок, освен пригодни подароци, како книги, сувенири и слични предмети во вредност чија висина е утврдена со закон (чл. 30, ЗСК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Спорот е покренат во месец јули 2000 година, за време на мандатот на еден функционер т.е. претседател ССМ, а е завршен во мандатот на друг.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Избран или именуван функционер, службено лице и одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа и друго правно лице 98 што располага со државен капитал е должно вршењето на својата функција или должност да го подреди на начелата на законитост, ефикасност, доверба, независност, автономност, чесност и професионалност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Каков срам бе, глеј функционерине имаат по 50 и кусур години, а жените им се све по 20.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Нејзината активност била дефинирана од страна на претседателот на САД, Рузвелт: "да ги собира и да ги анализира сите информации и факти коишто се однесуваат на националната безбедност, да ги споредуваат таквите информации и факти и таквите информации да ги направат достапни за Претседателот и за оние Министерства и функционери на Владата што ќе ги посочи претседателот; да преземе, на барање на Претседателот, такви помошни активности кои би го олесниле обезбедувањето на информациите што се од национален интерес и кои во моментот не се достапни за Владата".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На американскиот функционер му било познато настојувањето на нацистичката политика „да ги поттикнат Американците од српско, хрватско и словенечко потекло едни против други“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во крајна линија сите во секретаријатот имаа дојдено по роднинско – пријателска линија или по препорака на некој висок политички функционер или офицер во гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Подоцна најголемиот дел од нив стануваа политичари или државни функционери.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)