хамбургер (м.)
И станувам свесна дека реченицата ја изговорив природно, не мислејќи, дека мојот теле-мозок почна на сите работи на овој свет да им ја дава истата тежина или леснотија, секому право на истите секунди, секому својот sound-bite, во еден кадар некој ждере хамбургер, во друг некој умира...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сериозноста на сликите и скулптурите досега нудеа, меѓу другото, бегство од светот на хамбургерите и евтините магазини, а најповеќе од постојаната пресија на рекламите, филмовите и телевизијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ворхол (2) Картер Ратклиф Увод Конзервите од супи на Енди Ворхол, хамбургерите на Клас Оленбург, стриповите на Рој Линхтенштајн и пародичните рекламни плакати на Џејмс Розенквист - овие поп-арт слики направија скок и од наглата експанзија на празната американска консументска култура влегоа директно во областа на високата естетика.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во 2 по полноќ ги водам на топол бурек во центарот на градот. – Ова е како вашиот хамбургер, Џим.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Бидејќи јадењето во куќата на Адам обично е компромис од наследени вкусови, ручекот, како и појадокот, е стриктно од новиот свет - сендвичи со хамбургер, сирење, шунка или јајца, повремено, во понеделниците или по празниците, сендвичи со печено месо од пиле или мисирка и, се разбира секогаш откршено парче пита или колач, и овошје - јаболко, круша, а понекогаш можеби и банана.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Меѓу два Штраусови валцера сме како меѓу два залака од евтин хамбургер или сендвич од туна - никому не му е јасно како тоа меѓу два залака може да летне и да се проживее цела една живеачка.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
оние пак, кои го завршиле талкањето, влегуваат во метрото влегуваат како во олтар од длаборез и уште неседнати почнуваат да 'рчат, 'рчат во сите тонови, мнозина басираат ама има и такви кои фаќаат високи октави, заспаните 'рчат ли 'рчат ама нема кој да ги чуе отшто јапонија да ми ти била земја на затворени прозорци а јапонците да ми ти биле луѓе со затнати уши кои кога се будни во метрото спокојно си читаат додека сонародниците им се дават од 'рчење - ем си 'рчат, ем набрзина каснуваат нешто во сонот оти во кусиот сон има време и место сал за една плескавица (и тоа на месечина) што во мекдоналдсите се нарекува хамбургер.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Меѓу два Штраусови валцера сме како меѓу два залака од евтин хамбургер или сендвич од туна - никому не му е јасно како меѓу тоа два залака може да летне и да се проживее цела една живеачка.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)