хара (несв.)
Кома и смрт хараше, кога Тасе со него шараше.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Најпознатите примероци хараат од Рампа до Цементара. дек – платформа од дрво што не го јадат црви.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Слободата на движење од полноќ до сабајле скоро секогаш беше нарушувана од џандари у цивил кои хараа по скотските улици, но никогаш немаа мадиња да навлезат во пограничните скотски села каде наголемо се продаваа сите видови дрога.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Шитската економска криза хараше. Македонија додуша не ја ни осети кризата затоа што таа никогаш и не излезе од криза.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)