хемороиди (само мн.)
Хемороидни педалари кои шишкаат со штипки на устите (ланецот да не им го фати јазикот), млакоракувачи кои ти ја фаќаат раката како да е сообраќајна казна, автобуси – кутии од кисело млеко полни со ситни, бели црви рибарски.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Стигна на местото што јас привремено го крстив хемороид на газот на светот.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Наполнет Пиштол! 104 Омнибус фантастикус: Илјадалетно Изметолетие -Само за личности над 21 година- Сегашност Имав потешкотии со варењето на храната, бубрезите, хемороидите... и сите болести кои постоеја на светов.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Неретко знаеше и хемороидите да им ги исцелува на пациентите.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Единствено нешто што создаваат е само хемороиди на нивните дебели бирократски задници...
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
„Јас не сум тој, јас не сум интелектуалец, јас не сум дисидент, јас не сум европеец, според тоа моите хемороиди се поинакви, оти секој газ е поинаков, мојот газ е балкански во секој поглед; кур ме боли мене за неговите хемороиди, и така натаму,“ здушено во себе зборуваше Круме Волнаровски и офкаше од болка додавајќи: „Ќе ги искорнам со прсти, нека истече лошата крв со гомната, да се ослободам од оваа мака, од оваа тежина, и така натаму.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Круме имаше проблем со хемороидите, но главниот проблем беше друг.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)