хетероген (прид.)
На Германците Ренан им замеруваше дека сакаат да се затворат во својата нација на сметка на индивидуалното право и по цена на разбивање на човештвото во хетерогени фрагменти.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Мрежите, од друга страна, артикулираат хетерогени компоненти, без да ги хомогенизираат.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Слично, пазарите, екосистемите и вулканските карпи се структури во кои се обединети хетерогени елементи, без да им се наметне униформност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Градот е премногу голем, мегалополисите на деветнаесеттиот век и нивната хетерогена урбана популација бараат сложен, тежок поетички израз, а не проѕирност, леснотија и спокојство.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тоа се провлекува низ долготрајните процеси на подготвување во бројни хетерогени области.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Уште од „основната криза” - значи од теориите на Ајнштајн, Хајзенберг и Гедел - што е засилено и со поновите настојувања на теоријата на катастрофата и истражувањето на хаосот, или теориите за фрактали - самата наука ни кажува дека светот е окарактеризиран со плуралитет и хетерономија, дека парадоксите и паралогиите можат да бидат многу попристапни за негово осознавање од едноставните дедукции, дека реалноста сѐ на сѐ не е хомогена туку хетерогена; дека не е хармонична туку драматична; дека не е единствена туку диверсивна; накратко: поседува „постмодернистички“ дизајн.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Хетероген збир на јазици и култури, единствена интеграција на суверени европски земји МАКЕДОНИЈА поткована за големото Европско семејство демократски, политички, и економски Бидете и вие дел од ЕУ!
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)