царина (ж.)
Овде се зима царина за ракијата ако е повеќе од еден килограм, а такви случаи имаше многу.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ги извади разните документи од турско време што ги имаше донесено со себе и оние што му ги даде игуменот и кметот, во кои се гледа дека манастирот и селата околу него: Езерец и Пискупие, плаќале данок и царина во Охрид, односно Охридска каза, а не во Корчанската каза со која манастирот се граничел во Турско време; дека пасошите на населението од овој крај се ваделе во Охрид; дека ревизија на алкохолните пијалоци во манастирот ги вршела даночната комисија од Охрид; дека плаќањето за ослободување од војна обврска се вршело во Охрид; дека пописите на приходите и расходите на манастирот, ги вршеле црковните власти од Охрид; дека во потврдите за исплатени пари на мајстори од селото Езерец што го обновиле манастирот, стои:
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во овој контекст евидентно е дека партискиот апарат со најголем буџет за телевизиска кампања и маркетиншки способности за концентрирање на најтелегеничните, најповршните, најнакитените, злокобни теми (абортус, дроги, ветувања за лојалност, училишни теми, ослободувања од царини и шовинистички воинствен национализам), ќе се вивне во пировата победа со добивање на 25-процентното „мнозинство“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 53
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Згора на тоа, турската влада, којашто многу малку водела грижа за развитокот на стопанството на своите поданици, имајќи голема потреба од пари, кожите ги обложила со 12 проценти извозна царина.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но Австрија, штитејќи ја својата индустрија, увезените стоки од Турција започнала да ги обложува со високи царини. Така сахтијаната ја обложила со 30% царина.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Териториите што најмногу ја купувале велешката ракија по силата на решенијата на Берлинскиот конгрес биле откинати од Османската империја, а за извоз на ракија требало да се плаќа висока царина.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ги погледнав чевлите во новата хотелска соба и решив да ги оставам тука, зашто новите чевли ќе ми ги фатат цариниците и ќе ме изгорат со царина, згора на тоа, ќе ме обвинат за морално-политички скандал.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Нема Парламент, нема пратеници што се проѕеваат, што спијат, нема бандоглави министри, кариеристи, Нема митаџии, контролори, наплатувачи, струјаџии, водаџии, нема ни патарини ни царини, а што е најважно: нема ни пци ни доушници, ти речи ги: кодоши.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
БАЖДАРИНА - трошарина, царина, давачка, општинска такса
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
-Еј, човече, полека, не брзај! -Ако тој не ти ја наплати царината, тоа е многу повеќе од неговите мали џепчиња. -Ама џепчиња!
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Успеваше да се скрие од царинарникот, но сигурно за тоа сепак плаќала висока царина, веројатно на некој друг начин.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
-А, бре џепчињата се плитки како чамци, ама процентот на царината е висок како Кораб Планина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)