цвичење (ср.)
Беше уште еден едвај чуен остар глас, кој можеше да биде и волчо цвичење, но кој не беше тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш дотрча и Чако и почна да лае. Туку, тоа не беше лаење, повеќе беше ’ржење, цвичење, завивање.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Бидејќи беше август, врело лето, стануваше многу рано, уште само што ќе се зазореше и јас од мојата соба горе на катот, го слушав цвичењето на тркалото од количката и грагорењето при истурањето на камењата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Го слушав дрангарањето на рачната количка во која ги товараше камењата и повременото цвичење на неподмачканото тркало.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)