цепеница (ж.)
Пред да тргне кон плевната, каде што се слушаше блеењето на овците и мукањето на кравите, уште еднаш влезе во колибата, ги спотна гламњите во огништето и стави една цепеница врз нив.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Носат и цепеници, трупци, пењушки, сакови и слама.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кубицираме, што се вели, ги сложуваме ко цепеници мртвите, труповите нивни.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Жари пламенот, ги подлижува и ги прегрнува цепениците, разнишано се извишува нагоре, се напластува дипла врз дипла, за миг се смалува и со поголема сила наеднаш расте и пругоре исфрлува роеви искри.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Некој донесе уште две цепеници, ги фрли во огнот - облак искри како рој пчели стигнаа до таванот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во огништето трештат сувите цепеници, распрскуваат златни искри, во одајата е светло, тивко и топло...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)