цибрина (ж.)
И наеднаш белата мека небеска шир ќе ја собереше како во еден здив и ќе ја наредеше на еден единствен стог на хоризонтот, оној северен ветер, а од средината на високото, крвјосано небо ќе зинеше со сета острина на своето срчено око северната ведрина- цибрината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше еден речиси бел, низок месец под бескрајно високата празнина на цибрината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Некаде горе, некаде високо горе, беа и неколку бели искрички. Ѕвезди. Со нив кроце и трпеливо се поштркуваше цибрината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А кога не се најде трага ни од Хаџи Ташку со дружината, ниту, пак, од некои други ајдути, ко се дораздени убаво (небото изгреа ведро и дури и повцрвено од сношти, но сега на другата, на источната страна; и што удри една цибрина, срцето на човека да му распукне во градите) сите одново се собраа на срецело.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од очите им дува само студ и цибрина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пеколот секој сам
си го бира !
Ја обзема чувство на изнуденост:
софистицирана уцена
маскирани киднапери
препознатлив
глас.
Депресија: доцна попладне
Наместо топла попладневна
дремка
во неа
без остаток
се влива
тегоба со нагон на повраќање
небаре влегува низ подотворени порти
- дома, а дома
цибрина
треска
изѕемнина.
Има хронична несоница.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мене која општам со духовното
ми приличи световното:
земја и море, Луна и цибрина!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Оние на кои им значи огнот ги потпалуваат страстите пред да фати зимска цибрина во длабоките клисури на душите.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)