цицач м.

цицач (м.)

Гуланфер, подмолен цицач на невина крв! Забите му се кучешки под провокаторските мустаќи, коска ќе преполоват.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гуланфер, подмолен цицач на невина крв!
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како пред него да беа сите оние порочни грозоморници од времето на некој негов кој знае кој и каков дедо што со браќата донесол од прекусвет, од некој град на Турција, проказа, порочни грозоморници: сипаничави измамници со преостри ноженца под антериите, грешни старци со мирис на лој во брадите и момчаци со навики по кои лудуваа тие старци, цицачи и голтачи на ашиш, просјаци што ноќе стануваат убијци за дупнат грош, играчи со зарчиња, продавачи на деца и крстени девојки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Најголемата мистерија на праисторијата – ужива во нејзината збунетост, се повлекува на чекор од патеката, се провира меѓу грмушките и оттаму, го стивнува гласот: - Никој не знае што бил...цицач, или можеби гуштер...нема останато ни ковче од него. Освен траги.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мириса запуштено, одбивно и скиселено од нешто како остаток на задушен ветер и крајни мисли на малецки цицачи додека си ги одгризнуваат стапалата и крварат до смрт.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тие се толку ретки. Чита дека снежниот леопард јаде цицачи и птици. Осамено живее.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во нашиот град наречен Република Македонија (и кој во себе негува благи тенденции на отцепување од здодевната држава Скопје) веќе подолго време, во смисла на денови, постои една група луѓе (прошарана тука и таму со пар цицачи, аквариумски риби и неколку собни растенија комплет со саксиите) собрана околу тајното здружение во формирање - АРТ ИДИОТ.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тука беа препарирани птици, риби, цицачи...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го поведе во својот дом, веднаш поминаа во лабораторијата - работилница, во која Игор Лозински ја создаваше својата единствена музејска колекција на највидните претставници на флората и фауната на Езерото, почнувајќи од невидливите микроорганизми па сѐ до препарираните птици, риби и цицачи кои живееја во Езерото и околу него.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Внимание, внимание - инцест и прељуба во еволутивната ниша на цицачите!
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Бараш утеха во подвижните прегратки, ш’шкавите симулации, брановидните форми, кадите и леѓените. перничињата на прстите се набираат, твоите се лутат, сонцето пече, но ти тврдоглаво го протнуваш телото низ гумениот обрач, и се фрлаш во базенот, ја потврдуваш акватската теорија: кожата ти е мазна ко на делфин, под кожата имаш сало и си се родил обвиткан во Vernix caseosa, поблиски ти се морските цицачи отколку некаков влакнест, копнен мајмун.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)