црвенокос прид.

црвенокос (прид.)

Во ресторанот влезе црвенокос, дебел господин.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Една старичка буташе внимателно по правлиот тротоар старовремска детска количка полна со компири, неколку деца шутираа корка од лубеница, едно црвенокосо момче се мачеше да го намести на запчаникот на својот бицикл откачениот синџир.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од таа скаменетост го освести црвенокосата, богата сончевина, што се плисна како некој плавен бран во неговиот прозорец, ослепувајќи го и во исто време носејќи му ја назад способноста да се исправи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеа со еден поглед да го опфатат и целиот оној огромен човек пред себе, онака црвенокос, со здравје на бог, што бликаше во секое негово движење, во секое влакно од неговата коса, и наеднаш имаа исподзаборавено на сѐ друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Продолжуваше да стои на прозорецот, со ноктите вкопани во дланките, со прежилени тупаници, еден црвенокос човек, како врзан во тие ѕидови, сосема сам со себе си без потреба да се помрдне, а тоа во него беше како вик како врескање во таа сонлива белина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Маќеа, не мајка, - чув како прошепоти Лидија, едно кадраво црвенокосо девојче од другиот клас, што се криеше зад нив и сите како да се збунија и поцрвенеа поради тоа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа се случило во последната година на деветнаесеттиот век, пред Велигден на седум или осум дни, еден наспроти друг стоеле крај жолта чеза со спрегната кобила и со бело ждребе - црвенокосиот бег куп стврднато нишеста во кожа и облека и попот Зафир Јосков Вртипоп, испотен човекојадец во долга мантија, и се искажувале почести како двајца великани, првиот со имот и власт, вториот со знаење да ја надитрува смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Замисли си, оној Црвенокос ѓавол, како што го крстила Сузи генералот Ролан, го довел својот пријател генералот Јенков во приемната соба на Сузи, и го замолил на најосветлениот ѕид да го наслика „Изгонувањето од Рајот“, се разбира со ликот на Сузи како лик на Ева, а за ликот на Адам се предложил самиот себеси.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)