чаршиски (прид.)
И глупаво и смешно е тоа што го прави Арсо. Синот на терзијата од чаршискиот сокак го совладал совршенството на истенчен измамник.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ненадејно, од недообјаснети причини, тој Мустафа - ефендија се пропил, најпрвин кришум а потоа без срам, се запуштил и се откажал од себеси, некогаш трепетлив од хипохондрија, подоцна вошлив чаршиски шут во стуткана и извалкана облека.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А ако случајно се обидеш да испратиш по некој дисонантен прдеж - о, еве ги, чаршиските полицајци на духот, кафеанските мудреци ко пена на мртвото море.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Бидејќи и тој не му го знаеше родното семејно име, го викаше онака како што го знаеја по чаршиски прекар - Курназот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Некои од нив беа мајстори во филигранскиот занает, а другите во чаршиските занаети на другиот, источниот брег на реката, а речиси сите беа обземени од фугата на заминувањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Чаршискиот кафеџија, со бела но не премногу чиста престилка, со фес на глава, на послужавник со висока рачка донесе кафиња за некои Турци, изнервирани од сложноста на каурите, кои веднаш се повлекоа зад некој џамлак.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кога ќе одеше во вторниците во градот, Сандри како по навик, меѓу многуте скопски касапници, ќе ја одбереше касапницата на Илми за да намине кај него, а тој ќе се растрчаше да му даде триножник, нарачувајќи му на чиракот да донесе од чаршискиот кафеџија две густи, засладени кафиња.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Та зошто би го сторил тоа? - размислуваше добродушно, та тој истиот Мехмед-паша и валија, го беше повикал кај себе пред три години и го направи аза пред насобраните аги и ефендии, со најшеретски зборови фалејќи го како успешен чаршиски човек, вилаетски чорбаџија, богат, со ихтибар, со чест кај каурите и Турците, умен и писмен, а најважно пак од сѐ, покорен на власта и султанот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Од чаршиските анализи на крајот произлегува дека 80 посто од скопските шмизли откако ќе напунат 35 години најчесто завршуваат како немужени моми или, доколку ступат у брак, тој е претежно од интерес и најчесто се дешава тој брак да не функционира.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
На врата како и секогаш стоеја двајцата добро познати охридски фраери кои се неизоставен инвентар на езерската чаршиска лига, секогаш подготвени за нови освојувачки походи на зрели и исончани Холанѓанки.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)