челник м.

челник (м.)

ФЕЗЛИЕВ: (Луто.) По ѓаволите, ќе го постават човека за челник на Ѓорче да не е Ѓорче, туку игла.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И Онисифор Проказник стана од своите кожи и веленца кога до него дојде Осип Сечковски. Плачеше и пцуеше, бараше помош од челникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекаа да бидат повикани в куќа. Потоа, без ред, неповрзано, ги споменуваа тајните желби на неколцина Борис Калпак да стане челник и кој како што умееше ја толкуваше Мечкојадовата тага по обесениот вујко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна некои од нас тоа и го доживееја кога по години, во една друга прикаска, го кренавме тоа знаме да ни биде челник во Илинденското востание.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Повеќе сум судија отколку што си ти челник.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На сликите им даваше посебно значење, зашто еден ден ќе им ги покаже на челниците од нашиот град.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го назначи тој Маркота за баш-аза, прв граѓанин и челник на советот во беледието, ама и потоа Марко продолжи да белее и ликот да го тенчи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Набрзина ја напишав телеграмата од средбата со Фарук Кадуми, повеќе како настан кој ќе ја потврдеше мојата дипломатска будност и брзо и квалитетно реагирање, со средба и информации од претставник на високо ниво во палестинското раководство, каков што беше министерот за надворешни работи и челникот на Фатах, Фарук Кадуми.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дреново – страдалничко место и најгрда слика од која не може да се избрише лишајот на лошото што на невини луѓе им го направија челниците на грчките и македонските комунисти.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
1. На мојата работна маса цел куп книги и фасцикли со исечоци од списанија и весници, извадоци од архивски документи и од објавени мемоари на политички и воени челници од двете завојувани страни во граѓанската војна во Грција, селектирани белешки од фалбаџиски топорења, измислувања, лаги и кодошења и во одделни коверти белешки од обични, простосрдечни раскажувања на живи учесници и сведоци во кои се сочувани најавтентични доживувања од времето кое како лишај и лош сон е залепено и врежано во нивните и наши спомени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)