четка ж.

четка (ж.)

ТЕОДОС: (Пред огледало ги чисти мустаќите со четкиче.) Тји, бре мурдарлак! Ништо чисто не може да види човек.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Влегува веднаш по дигањето на завесата, бришејќи. го грижливо со четка фесот на чорбаџи Теодос, оди полека на прсти, зборува тихо плашејќи се од својот сопствен глас.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Гологлав, со густа бушава коса, остра како четка, ги ширеше ноздрите на мекиот нос и ме гледаше остро, професорски.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Поттикнат од некаква магична сила сликарот почна брзо да поминува со четката по платното... Момата незабележно исчезна...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неговата четка со чудна леснина го покоруваше коравото платно. ...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Забрзано ја испрати и се врати дома, потем, наведнат кон огледалото, долго и правилно ги триеше јадрите заби со четка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тогаш Зоки отиде во бањата, ја зеде четката за пајажини, ја стави под мишка и почна важно да шета низ собата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Веќе ти е платното в дланка и четката и боите и раката прв пат ја чувствува изненадата на непознатите трпки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Кога имала Кала една година, то ест, кога се родил Мил, мајка ѝ сакала да ја одбие. Ѝ ставала четка од чевли на боските свртена со влакната кон нејзината уста за да ја боцка - не помагало; ги мачкала грепците со смрдлива трева - не помагало: ги премачкувала со пипер за да ја испали - не помагало: Кала сѐ издржувала и цицала заедно со Мил.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Со векови таа го чекаше да се покаже зоографот а кога сфати дека тој е безнадежно отпатувал таа само ја допре неговата четка обесена на ѕидот и некаде пладнето крај неа оживеа русокосо момче со пеги на лицето.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
По неколку часа - нејзините хулахопки и мојата кошула стуткано префрлени преку столица, намокрената четкичка за заби, во купатилото испарува топлината од туширањето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Перверзната минуциозност создава впечаток дека тоа не е дело на човечка, туку рака на џуџе, еден од жителите на маѓепсаната шума, кој на сликата ги овековечил другите со четкичка од пчелини влакна.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Огледалото како срамежливо невинче црвенее кога ќе ме здогледа. Ја голтнав четкичката за заби.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Во рацете држи голема кеса од која вади блок за осмооделенци и комплет водени бои со неколку четки и мали лимени кантичиња за вода.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
МЕШАЕВ ВТОРИ: Убаво! Смели потези на четката.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Јас за вас, ваше превосходство, знам една историичка, како вас од под еден сопружнички кревет наутро лакејот со четка ве измете“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Набилдан младич седи на работ на кадата и со четкичка за бричење си ги насапунува нозете.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Неговото кафене беше единствено собиралиште, и додека едни пиеја кафе или ракија, други играа комар, а во преградата од десната страна тој ги сечеше четките на селаните или им ги светнуваше еднаш во неделата лицата стругајќи им ја брадата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кусо, самоделски истрижана. Ѝ стоеше како четка. Штркната нагоре.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Го бараше тоа како да е тоа четкичка за заби што некој ја откраднал; беше невозможно да му се отфрли таа желба.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе