чинител (м.)
(...) Тој иредентизам, во област во која на бадник спонтано се пее O, Tannenbaum!, овозможува одличен пример дека наречјето, наследната конституција или традиција не спроведуваат над поединците апсолутна моќ која инаку на тие чинители им ги подаруваат науките за човекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Третиот чинител на равенката глава/алемичарски сад е Каменот на мудроста.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Најпосле, и овде доаѓаме до третиот и најважен чинител на нашата равенка; ѕвездата е и симбол на Каменот на мудроста, единството на небото (Ергенот) и земјата (Невестата).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На ист начин за Кант секој морален чинител треба да биде автономен легализирајќи го моралниот закон независно за себеси.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Теоријата заклучува дека „еден економски чинител може моментално да реши проблем што економист - теоретичар треба да го анализира за да може, во период од две години, да дојде до негова формулација.“
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Артур е зачуден од идејата, така вообичаена во конвенционалната економска теорија, дека секој чинител во економскиот систем доаѓа до апсолутно најдобрата стратегија во дадените околности.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Во средината на 60-ите, постминималистите, како Richard Serra, почнаа да го ситуираат уметничкото дело во просторот и текот на секојдневието, проширувајќи ја Pollock-овата провокативна метода на правење уметност со употреба на секојдневието како чинител.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Секој актуален чинител се опкружува со маглата од виртуални слики.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Секое мноштво подразбира актуални и виртуални чинители. Не постои чисто актуален објект.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Секој актуален чинител се опкружува со кругови од секогаш нови виртуалности, каде што секој пушта во оптек некој друг, а сите заедно го опкружуваат и реагираат на актуалното („во средиштето на облакот на виртуално сѐ уште е виртуалното од повисок ред... секоја виртуална партикула се опкружува со сопствен виртуален космос и од своја страна секоја го прави тоа до бескрај“).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но, не само политичарите се тие што стравуваат оти пукаат со ќорци во масата народ, туку во таква расположба се и некои чинители на уметничкиот израз.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Затоа театарџии, непосредни чинители на театарската уметност, никогаш не се исправајте зад публиката, туку секогаш пред неа!
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Последната приказна на нашите творци беше онаа за чинителите на духовните добра (театарџиите, писателите, музичарите), за срамот од сиромаштијата и од гладот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)