чистина ж.

чистина (ж.)

И кога утредента Бисера почна да припрема терен за да ја изведе работата на чистина, Крле веќе беше донесол решение и кратко и јасно ѝ одговори. — Вечер ќе ти кажа!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еднаш, кога-тогаш тие ќе мораат да се досетат за да му ги проверат откорен сите работи и сето тоа да го истераат на чистина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секој од нив само за себе како да ја пребаруваше таа сребреста чистина, не признавајќи никого друг, ничие туѓо пребарување, а набргу тој ги слушаше и нивните стапки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш, ајде, си рече, нека ни бидат простени сите тие работи, и она, што го сакавме притоа: онаа чистина околу тебе сам, онаа белина на неначнатиот снег пред тебе и насекаде наоколу оној пукнат пат во утрините пред тебе. И сите други бегања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека овчарот расправаше за Толевите подвизи, додека војводите се советуваа како ќе се држат со Толета, додека го утврдија планот за амнестијата, Толе со дружината се зададе на чистината од преслопта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Метрите ни се чинеа долги како километри и кога излеговме на чистина, кога пред нас пак почнаа да се редат оснежените ливади и планини, тогаш се успокоивме.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Првите денови на мај, ние бевме веќе на крајот од таа делница и се појавивме на една чистина од која, другата машина веќе имаше почнато да копа лево надолу по еден каменен мев кој, велам, освен што беше каменлив, беше чист.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јунаците на Живковата Пасквелија вијат оро на манастирската чистина, а сончевата синевина ги вовлекува омекнатите мозоци во усвитен вител, што стврднува во бетонска смеса од ракија и пиво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Возот како стрела на дајл-ап се пробива низ темното, и конечно излегува на чистина.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)