чисто (прил.)
Таа привилегија на еден дијалект, поддијалект итн. да биде орган на литературната реч – според учењето на историјата на јазиците, им се дава ним не по некакви особени естетски предимства, а по чисто практични причини, т.е. по стекот на историско-културните околности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Инаку, еден од најзначајните обиди шопското наречје да се издигне на степен на литературен јазик за Бугарите и за Македонците, како компромисно решение, го направи штипјанецот Јосиф Ковачев (1839-1898) со својот „Болгарски Буквар” (1875), наведувајќи дека „шопското наречје”, со центар во Ќустендил, е средно и најчисто зачувано меѓу „севернобугарското или балканското” и „јужнобугарското или македонското”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
25. Радев со својот “Movement Macedonien” мислеше да ја убеди Европа оти движењето е чисто македонско и нема ништо општо со Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На големината на колонијалните поседи, освен чисто економските услови, и врз база на тие услови, влијаат географските услови и др.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
А силата се менува во зависност од економскиот и политичкиот развиток; за да го разбереме она што се случува, треба да знаеме кои прашања се решаваат со измените на силата, а дали тие измени се „чисто“ – економски или вонекономски (на пр., воените), тоа е второстепено прашање, кое ништо не може да измени во основните погледи врз најновата епоха на капитализмот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Ние понатаму уште ќе видиме како може и треба поинаку да се дефинира империјализмот ако се имаат предвид не само основните чисто економски поими (со кои се ограничува приведената дефиниција), туку и историското место на соодветниот стадиум на капитализмот по однос на капитализмот воопшто, или односот на империјализмот и двете основни насоки во работничкото движење.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
На подот рогузина. На десниот ѕид долапче со чинии, под него стар ковчег. Неколку триножни столчиња. Бедно, но чисто.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Таков е тој, за него сѐ да е чисто, сѐ на свое место и сѐ на време.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: (Пред огледало ги чисти мустаќите со четкиче.) Тји, бре мурдарлак! Ништо чисто не може да види човек.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Та што е била куќа намирена, чисто—паќна, што се вели зборот: „цар да влезе да не се устрами да го дочекаш“. (Се фаќа за долната усна и се мисли, а потоа ја нишка главата).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ајде ме води, преведи пред какви да се спомени, само пред свет ме изведи, срце ми чисто остави. ***
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Во куќата беше чисто и удобно.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Таа цело време гледаше во „попчето“ па и кога се појавија да ги поздрави публиката, и виде чисто и бистро оти очите од „попчето“ беа втренчени во Нешка, и дека и таа не се издиши дури тој ја гледаше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Надвор, зад високите решетки, небото беше чисто и ослободено од влага.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
НЕДА: Повелете. Ќе сакате ли кафе. Немаме чисто, но...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ништо од сето она што ни се чинеше идеал, свето, апостолско - не остана чисто, неизвалкано...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Сѐ е таму наредено така што во душата ти станува светло, мирно и чисто.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Јажето падна врз главата на Арсо. Синото око горе остана празно и чисто.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Беше понесен од тие мисли, во кои што беа запливани сите негови од бригадата; никој не можеше да го натера да поверува дека сѐ наоколу не е толку чисто.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
За сето време во неговото сознание остануваше чисто само тоа, дека патот низ оваа угорница и при обично летно патување зазема една поголема половина од времето, за кое се стасува в село.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)