чоканче (ср.)
Не знам дали бевме подземени од успешната трговија или од нашата детска лесномисленост, ама не знам што ни текна, влеговме во една кафеана и испивме по едно чоканче еден зелен ликер со мента.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Патем, сѐ ни беше толку многу погодено така што отидовме уште во една кафеана и таму испивме уште по две чоканчиња од тој ликерот зелен после што бевме навистина пијани.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ама ни дојде убаво од тој ликерот и се вративме да испиеме уште по едно чоканче.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Двајцата беа молчаливци. Лижеа од чоканчињата и само молчеа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Кога Гоше ќе се појавеше на вратата на аптеката „Здравје“, на Ласте срцето му заигруваше, го фаќаше под рака и заедно влегуваа во малата просторија наменета за прием на стока, за да кренат по едно до две чоканчиња ракија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)