чоколаден (прид.)
Но, меѓу сите овие шарени дребулии, најубав беше чоколадниот Дедо Мраз што децата го ставија под елката.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Таа се израдува кога ме виде мене, бидејќи знаеше дека многу се дружам со Марина. Нѐ почести чоколадни бонбони.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Едниот дел на таванот беше подреден со книги од татко му и предмети што преостанаа од лабораторијата, масиче за читање и пишување, троножно столче, сламена постела за лежење, фенерче обесено на гредата, чоколадни сликичиња на глумци закачени со патенти по гредичињата, големо огледало од подот до покривот, потпрено до еден дирек, кое најмногу и го привлече вниманието на Злата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тоа е така затоа што едноставно толку сте отворени за сугестии кога сте на ЛСД, што да ви кажат дека чоколадните бисквити можат да ви помогнат да ја контролирате дрогата, вие ќе поверувате и навистина ќе ви успее.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
„Успеваш ли?”, запраша таа. „Во рамките на параметрите. Малку чоколадна непогода.”
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
„Чоколадна декаденција”, возврати Френк со предлог, „со прелив од малини. Ух ох...“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
ВГ: Јапонските деца стануваат „хај“ од големи чоколадни табли сочинети само од шеќер и кофеин. Јадат по пет-шест вакви шеќерно-кофеински хај табли на концерти.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Имало балони и знаменца, забавни шапки, роденденски торти со чоколаден шлаг и нејзиното име напишано со неонска розе боја.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Дедо Мраз ги натовари шепите на мечињата со чоколадни бонбони кои куклата – убавица, со помош на џуџињата, ги извади од црвената кутија на која се потпираше.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Го виде сестричето како излегува со големото чоколадно слонче.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ја отвори вратата пред неа; таа излезе, а на масата остана неговата тепсија полна со ароматичните чоколадни колачиња.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Секако, по ова не можев а да не ја избегнам чоколадната торта која тетка ми Марија ја направила за мене со јајца од кокошките.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Насекаде се шири мирис на печива и слатки колачиња и чоколадни зезалици, додека од секое ќоше одекнуваат божиќните песнички... а ти седиш сам на аголот и мечтаеш за идниот Божиќ, во којшто нема повеќе да бидеш странец и шупак во овој магичен свет!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Едно дете се одвои од своите родители, ми пријде, касна половина од чоколадното бонбонче што го држеше в рака, а другата половина ми ја подаде мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Би си ја разгалиле душичката и со пилешка супа со рузмарин, а за десерт смокви со рикота сирење или најдобриот лек за да ја заблажите болката, парче чоколадна торта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Колку што почесто на левото рамо ти се откриваше прерамката, боја чоколадна, толку во воздухот што среќно си го делевме се множеа нечитливи пораки: среде ловостој, започнала новата сезона на ловот, на пример.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Не ја одминавме во муабетот и млечната криза (тогаш мене ми пролета низ глава прашањето од што ќе се прават млечни чоколада ако кризата потрае подолго и баш тогаш ти се откри на левото рамо прерамката, боја чоколадна), скршивме и по некој лаф за здравјето и доброто расположение на нашите заеднички пријатели.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Можеби токму сега, од онаа страна на морето, Габриел Гарсија Маркес беснее оти пак се покапал лижејќи чоколаден сладолед или го гризе остатокот од ноктот на левиот показалец оти уводникот во Камбио воопшто не е по негов вкус, а ако ги навикнеш луѓето да читаат лоши уводници ќе ги навикнеш да читаат и лоши книги, лошотилак ќе им се пикне и во мислите што значи и во животот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Потопена прво во чоколадно млеко, па во етерични масла, па измасирана со крема која ја враќа младоста во кожата однадвор, за кога тој ќе чукне на врата двапати кратко и еднаш долго и ќе го стави клучот во брава, а рајберот таму кај што треба, ти, демек, да процветаш.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)