чудовиштен (прид.)
Некаква чудовишна иронија како да се беше раскикотила над неговата слабост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
...големиот закон на природноста наспроти квадрантите промислата наспроти оправдувањето лебедот наспроти кристалот крв слободна од телото се простира пред окото зад извикот таму каде чека твојата сребрена чевличка твојот заден траг... знаците од сонот или сонувачите како алтернативци ...отежната од змиските клопчиња гранките се веднат скоро до паднатите лисја зошто оттаму од живите шуми ме потсеќаш на своите боси стопала јас не сум лошиот родител ниту ти оставеното дете тие чудовишни црнобели слики се сосема предвидлива компензација за отсатноста сонот место допир декорот го бираме наизменично ноќва се моите змии шумите следната ноќ возењето во спротивна насока распарченото тело на асфалтот крваво што го љубиш осветлена во трикото на невина балерина потоа јас летот над градот по ехото на твојот глас па ти појадокот во природа со заборавените заеднички пријатели...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ја сметаше за чудовишна идејата за формирање атеистички музеи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Полноќната дивина беше пресечена од чудовишниот продор, додека змејот рикаше сѐ поблиску; неговиот жолт блесок доаѓаше преку ридот и потоа, извивајќи се со темното тело, виден оддалеку, та затоа неразговетен, надоаѓаше преку ридот и нурна, исчезнувајќи во долината.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Српскиот претседател - во тој кошмар од елементи, каде што злосторствата се прават во име на (православниот) Бог, масакрирањето на другите во име на борбата против фашизмот, каде што никнуваат концентрациони логори во името на стравот од сопственото истребување - се претвора во чудовишна икона од која секој миг беснее Хитлеровиот поглед, Садамовото мрсно чело.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Денес пак станува повеќе збор за чудовишните варијанти на идентитетот, оној на изофренот, без сенка, без трансцеденталност, без друго, без слика, идентитетот на автистот, кој како да си го раскинал двојникот и си го голтнал братот близнак (напротив, „близнакувањето“ е некој вид на автизам за двајца).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Реков и нешто непристојно на своја сметка а љубомората ја прогласив за една од оние чудовишни пројави што ни ги беше завештал гнилиот капитализам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)