чудотворен (прид.)
Знае за волци, за мечки, за змиски цар, за страшниот змеј, за чудотворната секира и уште многу други.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Дури и старата сува бука одново разлиста од чудотворната песна на славејчето.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Веднаш потоа неколку слични или наполно исти гласови да ја повторат таа самоучка и во тој миг измислена молитва или трепетливо каење пред суровоста на искушенијата - Господи, не заборавај нѐ, - и часкум им се сторило дека врз нив паѓа млака светлост, чудотворен оклоп на нивните верувања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се зборувало дека е чудотворен лек и како таков се употребувал во лекови, алкохолни и безалкохолни пијалоци, а можел да се купи во секоја аптека.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во минатиот век опијатите можеле да се купат во бакалниците без рецепта како чудотворни лекови за голем број болести.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Низ благородните Новогодишни усни испотечуваат водопади од желби и честитки преточени во чудотворниот јазик на Желбоноско кој, ете, дошол од таинствениот леден дворец на ветриштата.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Некои велеа дека тоа се должи и на чудотворното дејство на водите на Езерото до кое не допираат злата и грубостите од далечното копно.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тоа е чудотворна способност која му дава нов стих на веќе напишаното.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)