чури (несв.)
И навистина во анчето на сина му Трајко седи дедот Петко, си го чури лулето и шеретува со неколку старци. Зашто ќе зборуваат Мариовци, ако не за жени?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сега тие стануваа и чмуреа со своите цигари. Тие ваши цигари, мислеше Змејко. И тие ваши полни бечви.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
По малку пукањето стивна. Чадот, што чуреше како оџак нагоре, ослабе и полегна по тревата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Беше си пригодил сенце, шумичка за овците и козите, слама за говетцата и магарашките, та не пуштајќи ги на паша, бидејќи земјата беше бела, тој им скубаше сено од стогот и шума од лисниците и им фрлаше по трипати на ден и си лежеше испружен крај огнот во колибата, чурејќи си го лулето со убав канатларски тутун, што, заедно со лебецот, сланинката, сиренцето, грашецот и леќичката, редовно му го испраќаше Миша по комшијата Суклета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Стражарот го забележа огнот од цигарата и ја зеде пушката на готовс, но знаеше дека кој чури цигара не е лош човек, та го дочека на десетина метра пред него и силно викна: — Ќим с'и сен (Кој си ти?) — Бен'м коџабаши (Јас сум кметот) — одговори Илија и му се приближи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во устата, за разлика од Челебиовиот килибар, држеше голем чибук од истиот материјал од кој беше и бастунот и ја чуреше запнатата на него цигара.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На враќање назад го заврза коњот за еден трн крај патот и, чурејќи со цигарата в уста, скршна од патот во мртвицата, за да се олесни зад меѓата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ене чадот чури... Секој момент може да проработи вулканот...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Од тавчето чуреа три ширдена колку три биволски тестикули.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во неа, зад голо биро, седеше навистина кадровик, ама женско со кратка коса и во војничка облека, и чуреше со цигара како вистинско машко.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Татко му е дома. Седи замислен на јастак и чури од лулето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)