шарм (м.)
И самиот бев изненаден од сопствениот неусилен шарм, па кога по пола час чрчорење, ѝ закажав состанок, го прифати со ветувачки кикот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Со неверојатниот литерарен шарм ја надвладеа “роднокрајната литерарна траума”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
На овој степен, од клучна важност за шизофреничарот е да ги почувствува сиот шарм и сите убавини што почиваат во меѓупросторот меѓу внатрешното и надворешното, и на сето она што е опфатено со доживувањето и откривањето на она што навистина му припаѓа на сопственото јас.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Луѓето што ја створија оваа атмосфера поседуваа талент, шарм и ерудиција.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Всушност, кога Јан Ван Ајк би сликал и со урина и измет, резултатите би биле исто така генијални, но паметниот Јан ван Ајк и брат му Хјуберт ги користеле своите најдобри можности - и гледај ги тие фантастични ремек дела во кои ингениозноста на шармот се натпреварува со генијалната длабочина на идејниот контекст на тие умови...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Таа не е ни мршава ни дебела, туку со шарм ја пополнува својата униформа со боја на орхидеја.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Наспроти опасниот изглед, имаше извесен шарм во неговото однесување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Усните му беа бузлести, влажни, како џигер посинети и со некоја растегливост поради која час оставаше впечаток на човек со шарм, на ведро небо на кое сепак се појавуваа секавици што оддаваа опасно зол човек.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Овие два облика на дистанца, временска и просторна, како да ми беа вистински неопходни, особено со шармот и со расцутот на провансалската природа, да се вратам во далечните спомени кои, како грутка исполнета со болка, беа задржани во душата, особено да се сетам на моето неславно враќање, во пролетта 1979, кога во родната Албанија се славеше стогодишнината од раѓањето на Сталин.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Можеби во тоа е шармот и необичноста на нивното пеење.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Шармот на невидливото ќе го опседне
и тука навистина ќе наликува на тебе;
ќе пребарува по писмата, песните, интервјуата
ќе разговара со современиците, преживеаните
ќе ги препрочитува нивните мемоари
и дневници
ќе гази по рабовите
ќе се загледува
де на лево - де на десно
одржувајќи рамнотежа
за да стигне до крајот
со непрестан зазор да не би да падне
некаде на полпат
како тебе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Не сте можеле да го почувствувате прикриениот шарм на живеење во спаваона со уште 20 и кусур мажи.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Мертен чувствува дека оваа тишина која ја исполнува замолкот пред предлогот да се уништи една вековно стара светија која е чувар на колективните спомени на јудејството во овој град и на овој древен простор, треба брзо да се надмине, па – веќе не барајќи поткрепа во ликот на својот двојник во униформа - се обидува да ги замајува со својот филосемитски шарм, на кој, помислува, можеби уште и му веруваат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
А во шоуто Бил со невиден шарм, духовитост и сарказам мама ебава на сиот можен регрес и репресија, малоумни предрасуди, ретардирани заблуди, политичка подлост, јавна злоупотреба, масовна глупотија... односно, со сите криви Дрини на вечно правата Америка.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Белата кожа со нежни кремасти бенки ѝ даваше специјална привлечност со бебешки шарм.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тие беа створени да ѝ служат, а таа да им враќа, со својот сочен поглед и шарм.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Навлегувам во нова фаза, најдобар спој од сите тари и добро познати умерености, опуштеноста, аналитичката промисленост, посебниот шарм и добронамерност се моите основни инстинкти.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Туристичките места беа испразнети од летните гужви и имаа свој посебен шарм.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Секој ден треба да се обидеме да ги инспирираме другите, можеби не сме совршени, но во сите од нас постои светлина, харизма, шарм, глас кој ги инспирира другите околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Стомаче несоодветно за годините, што покажува дека е уживател во земските благодети, меѓутоа, поседуваше шарм уникатен и вреден за внимание.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)