шепне св.

шепне (св.)

Со опашан,тежок меч често те гледав да шеташ, пламено нешто шепнејќи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Се повеќе од нејна град се крева плач и пискотот што воздухот го полнат. Над овој толку тажен створ се збраа многу жени и со една тага болна ѝ шепнат тие збор по збор.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И тогај морен нема да шепнам за спомен со засипнат глас, а бурно, ех, бурно ќе викнам: ете нѐ братко, најсреќни нас!
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Пеш по светот поема Песна прва Греј, о мила месечино, сјајно, греј и огреј ми страден род, во мачна душа шепни му тајно за дните нови под златен свод.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Не можеш болка да кажеш, на мајкин роден јазик свој песните што ти пеале над тиха лулка шарена, не можеш да ги запееш, дедовци што ти шепнеле на скут во ропски години не можеш да го повториш.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Тогаш тој му се наведе до лицето, ослушна за час – во ноќта осем песната на штурците не се слушаше ништо друго – и му шепна: - Ќе одам на Младинскиот канал ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кузман ми ја спушти тешката рака на рамо и шепна: - А ти знаеш ли? - Не. Што? - Колат рисјанчиња.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но при вториот или третиот стих Пере тивко му шепна: „Се заоблачи, Апостоле“, и тој веднаш ја сврте на „Дуњеранке“, оти влегоа двајца жандарми и дежурниот полициски писар Јачмениќ, кој се врати од Солун и си го зеде пак старото место.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мартин му ја прегрна раката, се поткрена кон неговото уво и шепна: - Тате, тој е! – рече и пак ги почувствува сите студени морници како му јурнаа по малото топло, тукушто разбудено тело.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Не знам“, шепна. „Сакав само да знам.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Изгасни ја светилката и дај ми ја твојата рака, шепна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој тип пред тоа одеше по мене од кафез до кафез, павијански им се клештеше на азиските мајмуни со запалени задници, се згрбуваше пред тромавите камили со измитарени вратови, ја издолжуваше шијата и се обидуваше нешто да им шепне на жирафите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Залутав одамна љубопитна во овој грд пејсаж од железо цреп и бетон но сепак останав жива Сега сум малечка полјанка на туѓите убави надежи за кои го крадам неверна ветерот од реката Безброј патувања им нудам на очите и стапалките што паѓаат уморени на моите сиромашни откоси Но спомени имам и јас па свенувам штом ќе ми шепнат дека сум била шарено крило на убавината Шарено крило на младоста во коренот на плитките води што растат со жолтиот спомен во купишта од сено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И сирото тркачко грло со куп ребра и една бела душа - си попаднало во нестарателски раце. „Твојата соба е поголема“ , шепнаа. „А утре ќе дојдеме и ќе го однесеме.“ „Кого?“ Го триеше со дланката темето и мислеше: брзо ми расте овесов на глава - треба утре да појдам на бричење. „Коњот“ , чу и се изненади.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Имаа исти гласови - врел, рапав шепот и се договоруваа со недореченост, сепак се разбираа. „Сега“, шепна една од сенките. „Заврти и шибај.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Појде по нив како мачка со скршена нога. „Јасно“, шепна претпазливо и сфати дека неговиот шепот се разбива од нешто невидливо што го делеше од тие сенки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Она што беше испловило отаде го натера наглас да си шепне: - Навистина , кога не би бил вака сам...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„А што му знаеш каде ќе го опне сега, може многу лесно и на нашине темели“, - шепна некој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
До него се доближи служителот и на увото тивко му шепна.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Даме го фати Гоцета за рака, влегоа во одајата, клучот скрцна и тие се заклучија... - Тоа е поштата! - тивко шепна Даме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повеќе