шишкав (прид.)
Секако изгледав исплашено или многу зачудено кога ми пристапи шишкаво дете со набиена капа над очи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Крцка полугнила селска кола, немирно, шишкаво детенце треби боцки од опаш на сонлив пес, мавтаат гранки зад некоја растурена ограда.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Едниот шишкав, црномурест и намуртен, другиот мршав, русикав и само си ја преџвака насмевката на усните.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Спротивно на шишкавата Катина става, дебелите а куси раце и нозе, Митра беше танка и висока, изведита и права како пушка, со долги раце и нозе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)