шпионира (несв.)
-Во својот страв тие создадоа големи армии на тајни полиции да ја шпиунираат приватноста на мирољубивите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тие можат да те шпионираат деноноќно, но ако сочуваш бистра глава сѐ уште можеш да ги надитриш.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Децата од друга страна, беа систематски насочувани против родителите и беа воспитувани да ги шпионираат и да ги поткажуваат за нивните застранувања.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тие признаа дека шпионирале за непријателот (и тогаш, како и сега, непријател беше Евразија), дека проневериле државни пари, дека убиле разни доверливи партиски членови, дека правеле заговор против водството на Големиот Брат, што почнало долго пред да се случи Револуцијата, признаа акти на саботажа кои ја предизвикале смртта на стотици илјади луѓе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
-Не чини да се шпионира својата сопствена љубов - ми дофрлуваше бездушно мојот невидлив сосед.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Како и обично, Томе седеше до нив и ги шпионираше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
На почетокот не можев да верувам дека шифрантот имаше свој псевдоним преку кој можеше да го шпиунира амбасадорот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тоа не е случајно, некој нешто сака, едно да се шпиунираат сите мои чекори, друго да се води интригантаната игра зад кулисите која изгледа во моето окружување никогаш нема да излезе од мода.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)