штикла ж.

штикла (ж.)

Мачно газеше со искривените штикли по калливата дупчеста калдрма, се занесуваше натака и навака, се мачеше да не падне.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мажите, помладите, со паларии, вратоврски, бели кошули, бели панталони, со прстења и блескави часовници на рацете, жените со разнобојни фустани, со високи штикли, најмодерни фризури, како да се собрани од некој најмодерен градски булевар и доведени тука да бидат статисти во нечија режија, во нечиј филм.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
* Во себојно фустанче облечено за брзо соблекување, директно од ролшуи на штикли (така ли се стига побрзо?) нетрпелива да го пополниш идеалниот градник, со двете немирни, долги нозе сакаш да го опчекориш градот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Никој не го раствара – сите го лижат. Шими ципела – кондура со умерена каубојска штикла, напред шпицаста и по можност пенчетирана со желевца за да ти звецкаат кораците Ха–Е–Сер – најдобро појачало откако постои човештвото.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
На лицето има дебел слој шминка. Носи штикли, црни женски чорапи со појас, по гаќи.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Исто... ама не е (баш) исто Модерните печалбари, се делат на две категории: Првата, се оние кои доаѓаат овде, вегетираат у хибернација скоро четири години, не можат или не сакаат да се снајдат, ставаат пасош у џеб и штикла.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Јас, на пример, можам да се облечам во женски штикли, да ставам црни чорапи, да го нашминкам лицево и по гаќи да излезам да шетам по улици. Да ме фаќаат за газ.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во позадина се наѕираше колешката со правливите штикли и џиш розевиот кармин, чиј интерес за целата работа како веќе да спласна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Таа направи мала пауза, чекорејќи првин лево, а потоа десно, со одмерен ритам во звукот што во допирот со паркетот го оставаа високите штикли, (тоа беше вообичаено на нејзините предавања непосредно пред да го изнесе заклучокот) и, кога оцени дека концентрацијата на слушателите го имаше постигнато потребното ниво, им се обрати тивко, со зборови кои се голтаа во сиот нивен волумен, како пластични апови до пукнување исполнети со кислород: „Мили мои осамени срца, добро запомнете, кругот за кој зборувавме функционира во секој сегмент на општеството, отсекогаш и насекаде.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема беше сосема гола, оддавајќи впечаток на питомост и дарежливост, но во исто време, видена од мојата страна, држеше до својот пркос, подигната на високи штикли од кои израснуваа нејзините долги, необично раширени нозе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Бојана ги извади штиклите и го фати Александар за рака. - Трчај!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ама, нема да биде наведено дека во ходникот треба да направиш плакар од ѕид до ѕид, само за чевли, патики, штикли и чорапи внатре во секој чевел, заборавени, се разбира, и смрдливи, се разбира уште повеќе; и табла со шајки за сите комплети клучеви закачени заедно со „амбрелите“, и секогаш фали твојот клуч, нели?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Штикли имав облечено само еднаш во последните три месеци.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Александар го истера валцерот речиси беспрекорно – само три пати ѝ ги згазна црвените штикли на Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ден на забранет сообраќај Како Пепелашка во Париз, која двапати во еден ден беше на „дворот“ - ете така се чувствуваше оваа малава, што качена на штикли од најмногу сантиметри, сепак, е мала, со срце ’ко зрно од афион, опиено, токму како од него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Најпосле се појави Стоја со свилени фустани во боја расплетени кадрави коси, и штикли високи носи.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Како по правило, таман кога ќе си ги натнам штиклите, а ученичките нестрпливо стискаат на свирката во автомобил, се буди „геријатријата“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нејзините штикли одѕвонуваа на белиот мермер во ритамот на гордоста која неминовно, речиси секогаш си оди рака под рака со убавината.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Дури ѝ позајмив штикли од мојата братучетка Едита па изгледав некако повозрасна одколку што бев.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но вечерта кога со Филип чекоревме по нерамниот селски пат неколку пати се препнав ненаучена да одам на штикли.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)