штос (м.)
- Алал да му е, каков штос измислил: спреј за заспивање, - си мислев.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Потребни ли ти се глупавиве штосови за дејствието? - Не пречат, колку да биде поживо.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Каноните со ваков штос неформално ги означуваат како раковски или канцер- канони, поради особениот начин на кој се движи таа животинка.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Генијален штос! Се кладам дека сте биле барем малку разочарани.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Ло Текс, тие ќе мислат дека твојот штос со сачмарката е слаб“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тој тргнува со својата програма без никаква проба, а газот сето време му дофрлува свои штосеви и импровизации.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Духот (ма колку вам тоа ви изгледало демагошки штос и збор од ступиден ТВ прилог за Културата) е она што ја одржува било која форма на заедница.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Не беше штосот во рингишпилот туку во една финта што таа ја имаше смислено за да се забавува: како да се возиш колку сакаш, а само еднаш да купиш карта.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Така правевме неколкупати, од младешки бес (ја исмејувавме сиромаштијата!), а луѓето зјапаа во нас; еднаш зјапаа и некои девојчиња и се кикотеа, и јас се сеќавам дека поради штосот со чевлите тие се забавуваа цела ноќ со нас, а ние ги потрошивме и последните пари; решивме да ги одведеме во кино, но таму не нѐ пуштија со по еден чевел; Земанек се расправаше, и потем ги продадовме картите и отидовме во кафеана.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сега кога им раскажувам на моите деца тие се кинат од смеење, но тоа беше мојот штос, зашто не сакав машките да се фалат дека се запознале со мене и дека сум нивна девојка.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
- Во тоа што, пред да излезам, мама или тато не пропуштаат да ми речат да сум дома во девет часот. - Гледаш во што е штосот?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се забавувавме спонтано, со движења и штосови, како во времињата кога бевме еднакво луди и деца.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Јоже беше визионер илуминатор и милионер пример за секој млад пионер идол на секој дрт пензионер Од машинбравар до претседател пцуел по Бога народ не пател секој што мрчел камења кршел кој не го љубел Идризово му судел Ако си серел по Јоже Броз ќе си ги видел Удба и Кос ако си кажал за него штос ќе си се убиел згазен под воз Работа имаше сѐ беше в ред Германија, Либија се одеше гурбет бизнисот цутеше динари грст се шверцаа фармерки дури од Трст Народот жали по златното доба Центро и Славија пукаа од роба полутки, одмори, тринаести плати на Водно се градеа луксузни палати
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Се чини, типчето веднаш сфати во што е поентата, се разбира дека имав мобилен и штосот со фиксниот значеше дека ако е фаца од естрадата може барем да биде џентлмен и пред да ми го побара бројот, барем да ме праша како се викам.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)