шумоли несв.

шумоли (несв.)

И шумоли поточе, брзо ко змија, течејќи, кристални води леејќи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Зошто по тебе дрвјата и на дрвјата гранките и на гранките лисјата шумолат скришно таговно?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Шумоли - в срце тага налева за црноземните робја, шумоли скришно за мртви поља за села и градови - гробја.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
По долги, меки ширини рамни магла се танка крева и по селата мали - заспали шумоли скришно врева.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Наблизу весело шумолеше Вардар, а во далечината, низ модрикавата завеса на првата мугра, се оцртуваа темните горостасни купи на планините. ***
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ел - Тепе в облак надвишил чело, шумоли тивко низ гора лист, мирисат росни цвеќиња в долој, ромори поток ко солза чист...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Дувка ветер и шумолат гранки, пуплат дрвја, цутат сливи ранки, орач в ниви бисер семе сее, бисер сее мила песна пее: „Мина, горо, млад Делчев војвода!“
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
А, ете, и тој поток се ронеше, шумолеше како и неговите мисли, полека разлевајќи се и потопувајќи ја неговата свест и недоискажаното објаснување за тој крвав празник.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Шепоти ноќта од воздишките на мочуриштето, се стивнува пламенот. Шумоли треската.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Под нивните полуголи гранки шумоли во оваа ноќ еден далечен шепот на една друга Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Можеби така шумоли ракијата во ловците, ги грее, ги распалува и им го претставува светот поинаков отколку што го виделе и што го знаеле.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во сопчето баботи емајлиран шпорет, надвор шумоли езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Буките шумолеа и како да му велеа: збогум Јакиме...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се губеше тој во темно-модрите кругови и од каде што наеднаш му надојдуваше ваква сила: ги витка железата на прозорецот и слегува, слегува по дебело јаже и јажето шумоли во дланките, меѓу нозете и градите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И така редум. Шумоли шумата, работат дрварчињата.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
И така, растеа брезите, му се радуваа на сонцето, на птиците, на ветерот. Растат, шумолат, си раскажуваат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Преку миризбите јас ги слушам далечините, во ушите ми шумолат столетни буки, гргорат брзи потоци, шумолат неожнеани жита...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сонуваше: некој му го поткопува ѕидот од куќата откај патот и му става експлозив да го руши; истрчува Бандо со пушката надвор, вика по тие невидливи минери во мракот, пали фенер, ја бара дупката со експлозивот; никаква дупка и никаков експлозив нема, но го слуша фитилот кој шишти, кај што гори, му оди по шиштежот, го бара, никаков фитил не може да најде; врти околу куќата и го слуша ветерот што шумоли во сувите трски; легнува повторно да спие, но токму тогаш силна експлозија екнува и ја руши куќата; скокнува Бандо од постелата, стрчнува низ одајата, излегува надвор, но гледа никаква експлозија нема, никакво рушење на куќата; гледа езерото се нишка полека, мирно, гледа месечината прпелка во него како риба, превртувајќи се на мев; селото е глуво, заспано; само од далечина одвреме-навреме се слуша некој посилен пукот од фронтот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од секое дрво друго ветре се мешколи и ти шумоли ко човечки говор со притаен кикот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми шумоли умот, мислам и него ми го фатил мразот. Целата сум здрвена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе