ѕвездичка (ж.)
А под тој прекрасен покрив, на кого сонцето слетуваше со своите волшебни шари, стоеше една сива длабочина, испреплеткана и затната од стеблата, со некакво модрикаво, крвјосано застрашување на понорна сенка, по која ретко можеа да се изнајдат и понекоја сина заискрена ѕвездичка на снежните кристали. Замина натаму, без двоумење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше исто како кога си гледал до пред еден миг една од оние ситни ѕвездички на бледото вечерно небо и која сега, наеднаш пред твоите очи, пак ја проголтнал во себе бескрајниот простор и веќе ја нема.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кратка, но каква блажена е тишината кога престануваат лелеците, кога од пред окото се тргнува грозотијата на смртта и кога на небото светнува некоја ѕвездичка, кога одвај успеваш да го доловиш тивкиот морски бран.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Како дете, му откриле белег – ѕвездичка над папокот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Го гледам американското знаме и одеднаш ми се причинува дека наместо бели ѕвездички гледам црвени српчиња и чеканчиња.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Беше сјајно црна, со сребрени копчиња и со сребро оковани петици на црните чизми; прилегаше како некој од темна маглина да одрежал раце и нозе и тело, со бледи ѕвездички што проблеснуваат низ неа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
За евентуалниот недостаток на „вкоренетост овде“ (што можеби ќе го почувствувате), рутински ви се правдаме: нашиот дом под ѕвездите се маргините, т.е. ригите на костимот за капење (што фураат накај хаос, накај непредвидлива сложеност!) на давеникот во примордијалната супа, во млечната каша надробена со ѕвездички од тесто итн - апстрактноста е нашиот дом, така ли, за разлика од концептите за дом на господинот Контра Банда(ш), на пример.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ама, кога погледот му затарашка понатаму од куклата, кога на некаков плафон над нивните глави здогледа дијамантски лустер, што расфрла млазови светлина во разни нијанси усукани едно во друго, а под лустерот елка накитена со, исто така, живи ѕвездички од бесценети камења, тој полека, полека се подигна.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Парченца од сервисот со ѕвездичките беа втиснати на маслосаните ѕидови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тоа, веројатно, и заради малку поотворената боја на новиот фустан која како да се прелеваше во две, еднаш темно сина, еднаш азмајно сина со одвај назначени ѕвездички извлечени со црни линии.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Исказите на кои според користените извори им се припишува автентичност, се обележани меѓу две ѕвездички.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)