јажица (ж.)
Та ти неоти имаш и јажичка: шо се запињаш тука?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кој ќе ми направи јажици, со кого ќе ги врзувам снопјево, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се цедиш ко јажица извадена од топило. И само се обѕрнуваш кон стомнето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И да им се врзува јажица, вели, да се калемат, и да се требат од вошки и од седела со јајца на гасеници...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Овие тоа сами го правеа, само одеа во полето, сами окосуваа малку `рж, а јажици сѐ уште немаа, требаше допрва да се направат, од штотуку окосената `рж, сноповите ги врзуваа со ортоми и на набодни ги пренесуваа во дворовите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од така потопениата во вода `ржаница, откако добро ќе искиснеше, наредниот ден, околу мала ужина, правеа јажици и тоа, правењето на јажици,како и врзувањето на снопје со нив, беше мајсторија што не знаеше секој да ја прави, туку само најопитните.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Првите јажици ги правеа тука во дворовите, на бунарите, и на набодни ги пренесуваа на нивите каде што жнееја.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)