јамболлија ж.

јамболлија (ж.)

Топла чорбичка ли сакаш, чинии има, да легнеш ли сакаш, повелај - креветчето и јамболиите те чекаат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Целата природа како да е послана со мека зелена јамболија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Слушаш ли како мириса? - рече со восхит Бојан, откако се оптегна врз меката бујна трева, што вистински личеше на зелена јамболија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сонот го следеше својот тек: и во него први беа скалите, дрвените скали на старата куќа по кои се качува, па кујната со маса наместена како за ручек со шарен извезен чаршав, соларник на сред и четири чинии околу, потоа надесно, кон собата во која спиев со Мајка, таму, веднаш таа-лежи на креветот, до половина покриена со јамболија под која ја насетувам мекоста на крупното тело.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Салото под елекот закитен со тежок сребрен синџир му се бранувало од задоволство додека ја гледал толпата обземена од тапа љубопитност, пред секакво чудо и сите што му биле и што ветувале дека ќе му станат купувачи на басма, шајак и јамболии можеле да се восхитуваат и да му се чудат - коњот пиел вино од поило и по команда се исправил на задните нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога размислувал, пребрзо остарувал: господи, лежи сега под две топли јамболии жена му Фросина и го мисли или го сонува, децата спијат стиснати еднододруго, тлее жар во огништето, трча околу куќата црноглав пес - тој овде е мртов и судија на мртовец со зла крв во жилата на челото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Му фрлиле ноќеска јамболија врз глава и му викнале со ластегарки. Кога плачел и молел...“ „Молел. А Елин е.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Камбаната ја донесоа на сања, поставена на веленица и покриена со црвена јамболија, за да не се скрши по патот и за да не го привлекува вниманието на луѓето на кои тоа не им е работа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тие имаа само црни стада, а убави бели жени облечени во убави алишта, сѐ рачно изработени, косите собрани во пунџи, до нив малите деца и ги водеа коњите покриени со тие нивни познати јамболии.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ја дигнав првата јамболлија, кога таа полна ларви.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И токму помисливме, крај е, фала му на Господ, кога на последната јамболлија уште повеќе ларви. Животот лесно не се дава.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Што сѐ не направивме. Ги стававме јамболлиите во врела вода, ги прскавме со отров.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Езерото го прими како распослана јамболија - да се валкаш по неа, газ преку глава, како брндаво детиште со крастави колена, да преташ со нозете кревајќи облаци пена и да се превртуваш на сите страни како риба во мрежа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
__________ 1 Големите дождови донесоа и големи снегови. Господ ја спушти белата јамболија врз целиот простор.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Седеше на искубаната јамболија послана врз креветот кој преку ден служеше како кауч и буричкаше низ влакната, одвреме-навреме вадејќи оттаму некоја трошка и по мало двоумење, фрлајќи ја на излитениот теписон.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Истите тие креатури на себе носат панталони ко ќунци, очајно ружни фармерки, шалвари, чаршафи, јамболии, черги, ѕидарски маици у зима, монтки у лето...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Креветот беше прекриен со портокалова јамболија, до него имаше мала дрвена масичка и едно ќумбе на дрва во кое гореа неколку цепаници и чијшто звук се слушаше.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Дејгиди моме од ЕЛЕМ од мразој ми коса побеле знам сила Бога не моли ѕемнам цел ден по јамболии Ах мори моме од ЕЛЕМ имам проблем преголем в темница книга пишувам пареа од усти издишувам Студ ми влезе во душата камен се стори срцево во зимските дни студени знаеш ти да ме ИЗГОРИШ Зошто ли зошто се продаде в туѓи раце ти отиде и џебови мој ти запусти Џевад за џабе те користи
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Со страв и голема недоверба полека ја поткреваше јамболијата. Го збунуваа високите мартинки крај креветот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се пикна под топлата јамболија, симнувајќи ги само мартинките од своите нозе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе