јанѕа (ж.)
Момокот се подзабави додека јави, па Бочка го изеде јанѕа додека се врати.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тоа трпеливо кончење на злобната темнинка и тие, сега веќе доста приближени црнки на дивината, што се испрекрстуваа и ја изврзуваа со престегнувања шумата, како некоја пеколна морница, залазена меѓу нејзините стебла, насобирајќи се најгусто на границата од тој , маѓепсан круг околу него, а сепак оставајќи го во неговата стеснетост само него, и бездруго уште оној, што му идеше во петиците; сето тоа беше токму онаа јанѕа, со која што го јадеше увиснатиот меч на неодоливата угорница.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Некоја јанѕа, што виси над земјата, будејќи ги само своите жители, а придушувајќи сѐ друго со неговиот сопствен здив.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Одам со нив, ме фатило јанѕа. Едни одат пред мене, други зад мене, одиме по месечината.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ама мене ме изеде јанѕа уште кога тргна кај џандарите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кај колковите, на бутчињата, гледам сета се ишарала. Небаре коприви да ја журкале. Ме пројаде јанѕа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Гледаше докторот дека многу луѓе што се жалеа на некоја мака, беа во психичка напнатост: ги јаде јанѕа од стравот...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Болниот од жолта јанѕа со ѕвечави заби раскажа дека некоја сенка со ѕверско тргање му го грабнала парчето месо во кое и не загризал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Опстанокот, пишува Лифтон, зад себе ја остава „втиснатата смрт“, која е проследена со „јанѕа од смртта, страв од смртта, и со вина на преживеаниот“, вина што изискува „чувство на долг и одговорност спрема смртта“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Само се чувствував чудно, не знам како да го објаснам тоа, како да бев исполнета со некоја јанѕа и недоверба, најчесто бев во некое радосно–жално расположение.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Арно ама, мене јанѕа ме јадеше. Ќе го следам патот на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Јас седев мирно на столот и гледав пред себе. Чувствував мала јанѕа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Абре, аман“, рече едно време, „многу камења излегуваат!“ Мене ме пројаде јанѕа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се сврте кон нас и, охрабрена од нешто, продолжи: – Пред да го сторам, со вас, првиот чекор кон визбата, мене како да ме фати јанѕа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Јанѕата во јазикот продолжува.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Полна луна на полноќ:
тукушто откриен ќуп мед
во внатрешната одаја на
Пирамидата:
вртење во круг
безизлезно враќање
јанѕа
... мирис на маточина, мрмор на планински поток,
кошариња пчели, тивки дење, потивки ноќе
и - збунувачки спокојна бесконечност ...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мене ме гуши овде, јанѕа ме јаде. Не јадам. Не спијам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ама јанѕа некако ме изеде.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
И тогаш го изеде јанѕа. - Идиоту! - се прекоруваше себеси.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Чекањето на Долгиот се оддолжи. Почна да го јаде јанѕа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)