јарем м.

јарем (м.)

Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нѐ гуши пет века…”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Да ти клајме јарем!“ А женењето навистина е јарем!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сега ќе ти ставиме јарем и нема повеќе мрдање.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Си згрнал народ под Гоцево знаме да стресеш ропство и темен гнет в народни срца запалил пламен да фрлат јарем султански клет.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
По ѕидот на долни крај наколкани се колје, со куки и без куки, на кои се обесуваат секирите; направени се по две три камари во кои кокошките несат јајца, а на гредите во овој дел на куќата се фрлени разни алати: рала, јареми, косила, дршки за мотики, лопати, казми и ред други дрвени остени, ластагарки, стапови, кои чекаат да ги заменат тие што се во употреба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во јарем сум, од обете страни на мојот врат е поставен по еден тежок жегол.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јаремот на горчливата распеаност беше јак но гласовите влечеа секој на своја страна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тие сакаат да нè впрегнат во нивниот јарем како волови во кола и да бидеме нивни робови.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Нѐ чека голем и светол долг: да се сотре тиранијата и непријателот. Да се отфрлат оковите и јаремот тежок!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
11. НЕ УМРИ КОЊУ ДО ЗЕЛЕНА ТРЕВА - до првото орање, до ѓубрењето барем, потоа од ноздрите и облаци да креваш ќе се најде понов, веќе помек јарем...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Е, е, е! Се разбра таа, џанум! Сакаат да му го наметнат на Толета пак јаремот од нивната организација, ама на! — изговори Толе подругливо и го удри кундакот од манлихерката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Намуртени, озлојадени, загрижени, тие брзаа да се доберат до некоја колиба или трло каде што ги оставаа кременачките, косите или крклизите и бараа некој обичен, предмет — јарем, палечник, плаз, некој сноп 'ржаница да кренат на рамо и со него да си влезат в село, незабележани, оти знаеја што ги чека дома сите оние што беа им се придружиле на комитите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гледам уште од потсело: волојте лежат на јарем, а вие, истегнати на тревата, а? Не се печалит така сермија асинковци, не!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ја наоѓа куќата Дамјан Страчков, и првин го пофаќа јаремот обесен на еден клин зад портата, а една граната - фиу - и право на него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И главата му ја најдовме пикната во јаремот, спрегнат. Го спрегна смртта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Делкавме главини, лактишта, спици, ражништа, растоки, јареми. И сите работи што им требаат на коларите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Приоѓа невидлив за другите и ме ослободува со допир од јаремот и од синџирите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во јарем сум, од обете страни на мојот врат е постеван по еден тежок жегол.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Амајлијата ја нашле во едната ногавица на долгите гаќи што се врзуваат долу, на педа над петиците, потоа побрзале да го запрегнат добитокот, сега во двојни јареми што ги изделкале од лесновски стебла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако сакал некој да знае, тој можел да му ја напика в џвало вистината: чудовиштето лежело во самиот параспур на македонското село, во неговата слабост да се измачува со секакви стравотии, со морници да ги задушува морниците на грубиот живот; да, животот е чудовиште што ја подгонува кон бездна двоколката на судбината во која се запрегнати луѓето, сите во јарем и со железен жегол в грла, слепи за крајот на патот, запенети и со сокрвца на напукнатата кожа, со набрекнати јагарци од обете страни на гркланите, под мишки и лево и десно под папоците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе