јубилеј (м.)
Ноќва е свеченост на Јубилејот. Да живее кралицата!
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Го одбегнуваше зборот „јубилеј” и придавката „јубилејна”, зашто го потсетуваше не дека зрее туку дека старее, а тоа никако не се согласуваше со неговиот темперамент, на кој - по негово мислење - повеќе му одговараше поимот „младост”, па макар овој во јазикот на баба му да се викаше „аџамилак”.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога почнав да работам на подготовката на изложбата за јубилејот на браната, најдов една фотографија на која се гледаат Борко и Симон, само двајцата, сликани во некој момент кога Борко ја посетил браната во екот на градбата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Владе секако би сакал да се одржи прославата затоа што бил ангажиран да подготви сценарио за краток филм и изложба на фотографии и текстови за јубилејот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
По онаа бура, по оној гнев на Симона, повреден од тоа што Лена не му се дава, ранлив кога беше во прашање брат му Борко заради чувството дека предноста и грижата и на родителите и на другите била секогаш свртена кон него, а тој божем запоставен, а сигурно и заради внатрешната потреба да го симне од себе товарот на едно сведоштво на злостор, по таа бура, значи, по тој гром што ја удира Лена, таа го врти мојот телефонски број што бев ѝ го оставил кога летото, пред можната прослава на јубилејот на браната, ја бев посетил кратко во Долнец.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Што ли беше работата, некој празник, јубилеј или пак му честитаа роденден (Да нам живи, живи Мао) Кој ќе знае?
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Од престолнината сабајлево ме известија дека нашиот секретаријат треба да се вклучи во прославата на јубилејот - десет години од владеењето на генералот Стојан.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Таа на некој начин требаше да му дава тежина на сфаќањето дека Стојан владее во полза на најширокиот интерес на народот. – Ќе ја ставите и сега за јубилејот?
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Очигледно поддржувачите на генералот Стојан се имаа амбицирано и мобилизирано достојно да го прослават јубилејот на неговото доаѓање на власт, па на ѕидот имаше еден куп текстови кои што го глорификуваа ликот и делото на таткото на нацијата.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)