љубен (прид.)
А утредента, кога зората го покажуваше своето невестинско лице и петлите од четирите страни на селото го огласуваа раѓањето на новиот ден, Бојана ги колнеше и зората и денот, кои сакаа безмилосно да ѝ го грабнат љубениот маж. Ѝ се сакаше таа ноќ никогаш да не се сврши.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Таа требаше без ропот да ја прими разделбата во најубавите денови на својата младост, токму кога го почувствува животот, кој цутеше во прегратките на љубениот човек.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Само два месеца во прегратките на љубениот човек минаа како две празнични утра, како чуден сон, кој никогаш не се заборава.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Замислете си, тоа нејзе да ѝ се случи, на нејзиниот љубен, на нејзиниот сакан, мил, најмил, светол, најсветол лик.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Бегам леден во ноќта луда, Изгубен, заболен и сам Во срцето на зборот загледан И од зборот љубен и огреан Се враќам во сонет од рими дочекан, како лебед пред смрт, распеан.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Рахела, покорната жена на Моше бен Азај, непрестајно напојувана со историите на прадедовските маки, не можеше да издржи пред безумниот очај на љубеното око што веќе не ја препознаваше.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Секоја вечер се соблекувал, скокал во езерото и пливал пред очите на љубената истовремено гушкајќи ги двата лебеда, коишто ги подготвил специјално за таа прилика.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Дај ми собитие што говори за лоши дела, и јас веднаш, под дланката ќе сетам темни букви, гласови темни, пискотници, студени слова од кои кожата се ежи; дај ми слово божествено и богоугодно, за големи подвизи што зборува, и јас веднаш под раката чувствувам гласови светли, букви топлокрвни, оган во писмото чувствувам, како кога љубениот на саканата писмо ѝ пишува.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Со треперливи раце и трепетно срце го отвори ковертот, чекајќи однатре да ги чуе зборовите на својот љубен: „Се вратив, љубов моја, подготви се за невеста...“
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ѓорѓија стравуваше од последново и јадеше со голема внимателност, пребледувајќи ако му паднеше малку путер на љубениот чаршаф.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Турците, кои избегнуваат алкохол, ги прифатиле со радост овие семиња и ги приготвуваат во најсвечени седенки, но тој смета, кашлајќи забележа дубровчанецот, тој смета дека оваа пијачка наскоро ќе се служи и по ановите и по меаните, а особено меѓу оние што се нарекуваат поети и кои главно, и во неговиот Дубровник, ноќе ги пишуваат одите на своите љубени, и како месечари ланѕаат на месечина, пијани од љубов и изветреаност.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Додека се обидувам, осмиот месец од
оваа година, MCMLXXX
достоинствено да го започнам писмово до тебе
ја откопчувам душата како елек
и шаторот твој го распнувам сосема
меѓу вториот и дваесеттиот век
резот е доволно длабок и горешт
светлината да се прекрши и одбие
твојот профил да се обликува појасно
макар и ништо да не не објаснува:
ни империјата, ни мемоарите
ни градот што го подигнав во мислата променлива
- еден град повеќе во Елада, љубената
ниту слободата повеќе од власта што ја сакаше
и Latio не, ни кованите пекунии
со ликот на Антиној, обожаваниот
Humanitas Felicitas Libertas
ниту твојата библиотека која се обновува
лека-полека по светот
ниту противниците, не ни жените не
ни смртта твоја и на твоите современици
и коњот не, и знакот на небото
и мачката со боја на пустина, мед и сонце
(според описот на Јурсенар)
ни патувањата, ни пророштвата
не, не, не, во право си кога се сомневаш
во смртта, кога му се предаваш
на Допирот-Убавината-Сласта
како на Смисла
зашто, поместувајќи ги границите
на крвта, плотта, идејата
животот пренесувајќи го
од една метафора на друга
го одложи толку многу
што остана и за нас!
________________________
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Бајката за птицата која си ги распорила градите и си го откорнала срцето откако нејзината љубена птица одлетала и веќе не се вратила.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Оние кои вистински љубат, не ги оптоваруваат со својата болка оние од кои престанале да бидат љубени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа беше време кога младите, или барем оние млади кои јас ги познавав, живееја во очекување на остварувањето на љубовта, а почетокот на заедничкиот живот веруваа дека ќе биде симнување на рајскиот поредок на земјата, а потоа ги отрезнуваше баналноста на секојдневието кое ги очекуваше, бидејќи секое очекување кое е поголемо од стварноста, како и секоја љубов која е поголема од оние кои се љубени, завршува или со пропаст, или во тривијалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Оттогаш Ќ секој ден седеше крај прозорецот и грицкаше парчиња сланина чекајќи ја дебелата љубена.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Ќ и неговата љубена беа дебели. Можеби затоа луѓето наоколу зборуваа дека Ќ станал месечар откако ја бакнал за прв пат. Или можеби не.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
По сентименталната прошетка на снег со љубената, Њ смртно настина.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
„Овој ден ќе остани незаборавен и за мене, љубена моја Томаице.“ рече Петар држејќи ја околу струкот чврсто.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Како што наближуваа, нејзиното срце почна сѐ поинтензивно да чука, препознавајќи го и него: тоа беше нејзиниот љубен Петар. Рака под рака со Атина.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)