џвакање (ср.)
Тоа е џвакање со ококотени очи, со оптегнати жили на вратот, (ржење наместо говорење во таа краткотрајна и жестока битка со гладот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Главчето сега се посегна кон купчето сено и Змејко можеше да го слуша карактеристичниот звук на џвакањето што го имаат сите копитари.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јас погледнувам кон Витомира. Витомир малку подзапира со џвакањето и пак продолжува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Слушал само некое тркалање на камења, само некое чкртање му идело во ушите од џвакањето на оревите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јадеа и молчеа. Се слушаше само џвакање кое одвреме-навреме го прекинуваше Кала.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
О, боже, каква радост на сркањето, на џвакањето! ,Тешко на тој што не знае за сиромаштија, велеше дедо.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А една мраморна тишина во ходникот: го слушам и џвакањето, млезгањето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Некои јадења што не сакаат џвакање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со гумите за џвакање правевме балончиња и ги полневме со хелиум. Чекавме. Не, одложувавме. Се плашевме ли?
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Ништо особено: проќелаво ситнолико старче, со очила од дебело стакло и без рамки, врзани за ушите со усукано ортомче, со ново забало во устата што севезден нешто како да џвакаше иако беше празна и нема (саказот веќе беше вон мода и вон норми, а гумата за џвакање влегуваше во мода ама не влегуваше низ увоз), со отпуштени дланки и неподвижни прсти, кои ситно но непрекинато се тресеа - небаре над секоја пара, и најситната металка, што паѓаше на тезгата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
2. Илузија: стварност
Подоцна, поради прекумерното џвакање мед
- восочни камчиња во устата,
нагон за давење и плукање.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во Москва мастика за џвакање беше луксуз, а во Будимпешта фармерки РИФЛЕ ем луксуз, ем капиталистички заговор.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Експанзијата на брендовите продолжува на автобусите и такси возилата, кои се претвораат во подвижни реклами, „развозувајќи ги патниците наоколу во џиновски чоколади и гуми за џвакање, исто како што Хилфигер и Поло ја претворија облеката во бренд билборди за носење“. 124
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)