аптека (ж.)
Во пазарните утра, кога некој селанец ќе му се обратеше некому со прашање кај може да купи лек за своето болно дете, тој го испраќаше на сосем друга страна, кон оној крај што нема аптеки а отаде друг еснаф го испраќаше кон стариот град што се давеше во штавени кожи и лој.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во дни, нејаки од жештина за да се скратат самите себе, козата на некој железничар, ојарила на среде улица животинче со две глави; на стаклата на градската аптека се појавила богородица, гола и со шашливи очи; еден старец по трет пат се разбудил во својот живот со млечни заби.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Оваа просторија, заради лековитите треви, за кои дедо му водеше посебна грижа, Бојан ја викаше „Дедовата аптека“.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
13. ТИ ВЕЛАМ ЌЕРКО, СЕТИ СЕ СНАО - море, вели што ќе велиш - никој не те слуша, туку појди си во аптека со лекарскиов наод барај лек за неосетливоста што ни дојде до гуша...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Козите влегуваа во киносалите, во продавниците, во аптеките, по пазарите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Неправедно наметнатите санкции веќе ги загрозуваат виталните српски интереси и тоа од празните аптеки до полните болници.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Кога влегуваш во аптека, сите ти прават место а аптекарите без прашање те честат со двоен лексилиум.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Се зборувало дека е чудотворен лек и како таков се употребувал во лекови, алкохолни и безалкохолни пијалоци, а можел да се купи во секоја аптека.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Легна на железниот кревет на кој имаше само сламарица која му замириса на гумно, на летна жетварска ноќ, на 'ржаница, на разни тревки и билки како да дише огромна билна аптека; и дишеше лакомо, среќен и задоволен како дивеч што соочен со хајка и смрт, успеал да си се врати на своето старо и сигурно легло.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
„Васј, Васј", се изнасмеа тој.“ Со воените нема шега. Кај нив сѐ е прецизно како на вага во аптека.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Имаше луѓе на кои сум им правел добрини: сум се зазел дете да им влезе на работа, болен да им се излекува, да се оперира од најбашни оператори, лек да земе од најдобри аптеки, данок ако задоцнил да плати, да не се казни, сливи со ним да се наведнам да собирам, ако се стемнувало и не можеле да стигнат да ги дособерат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сум си го испланирала животот сѐ во реални детали: ќе завршам фармација, ќе станам аптекарка а секој сака да има барем познат ако не близок во аптека, за зло не требало.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тие, при болки или при потреба од лекарски преглед, доаѓаа во куќата на Мајка, небаре таа беше и лекувалиште и аптека.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сандри слушна за ѕидиштата што го заштитувале градот на Марин Крусиќ од сите страни, ѕидишта и кули; за непријателите, особено за Млетките кои алчно го меркале богатството на оваа република; слушна за кнезот и за слободата што секој дубровчанец ја чува како нешто најскапоцено, за поетите и писателите што ја величаат и што ѝ ги посветуваат своите творби на чист словенски говор, исмевајќи ги оние што лесно ја продаваат... за водоводот, изграден пред стотина години; за болниците-лазарети; за првата аптека отворена уште пред скоро двеста години...
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Вчера прислушкуваше разговор на две клиентки во неговата аптека.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Дво и трокатни куќи, градени со делкан камен, бели фасади, сите куќи поврзани со електрични и телефонски жици, бензинска пумпа, кафеани, аптека, улиците под асфалт, градинка, основно училиште и гимназија, многу патнички коли, трактори, комбајни.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Новото Габреш е мало гратче со основно училиште, гимназија, пошта, банка, нова црква, аптека, неколку кафеани, водовод, канализација, струја, асфалтирани улици, полициска станица.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сега Прењес е гратче испресечено со асфалтирани улици, со нови станбени згради, новоизградени приватни куќи, со водовот и канализација, кафеани и кафулиња, таверни и ресторани, банки, пошта, амбуланта, аптеки; железничка станица.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Иако, во рамки на аптеката имаше основано и синдикат на ниво на работодавaч, во кој работниците уплатуваa месечна членарина – тој остана нем сведок на овие непосакувани случувања, коишто резултираа со тоа што над 90% од вработените „самоиницијативно“ ги напуштија своите дотогашни работни места!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
9 Жалбена постапка до второстепениот Апелационен суд немаше – но, спроведувањето на веќе правосилната и извршна пресуда, наместо доброволно, беше присилно т.е. беше извршено преку извршител – со блокирање на сметката на аптеката. 10 220 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)