брат (м.)
Ако, пак, ги запрашаш словенските книжевници: „Кој ви ги создал буквите и кој ви ги превел книгите?“ - сите знаат и одговарајќи ќе кажат: Свети Константин Философ, наречен Кирил, тој нам ни ги создаде буквите и книгите ги преведе, заедно со брата си Методија. Уште се живи оние што ги виделе нив.“
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Зар некаков демон кон пропаста стрмна нѐ турна. Браќата мои под ридон ко рибите насуво тогаш во борбата бурна, да се прпелкаат видов.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
И Селман брадатиот, татко му кому му пратил поздрав, без веќе да жали, бидејки за крвта на брата си беше го фатил, — глава му одзел на Али.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Живееше тој во Малесија, каде што секој кога ќе тропне на врата наоѓаше заштита, ако на стопанот некој од нив му убил и брата.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
„Е, кога ми е посладок сомунов со тан-алвава, бре браќа, им велел на другарите си, како да јадам од дома ’ржани леб?“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Вие, како сте, браќа, како поминувате во селово?“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
– „Вистина, татко, и вие браќа селани, им рекол Силјан, ама за приказна е мојава работа што бев дури во долна земја или штркова земја кај што човек досега не пошол и не ќе појде, и да ми верувате оти не е чаре да ве лажам јас, чунки не ќе ви земам нешто да си кладам в ќесе, за да не поверувате за здраво.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
48. Не, браќа! Никаква конференција не нѐ спасува.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Планинскиот живот е пеколен, браќа, и борба да водиш со тиранот — тешко, но блазе му којшто без зазор се враќа, до крајот да води сражение жешко.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
144. Браќата Асен I (?-1196), Петар II (? – 1197) и Калојан (? – 1207) се обновувачи на бугарското царство, кои успеваат да ѝ нанесат тешки порази на Византија и да ја прошират својата држава.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
ЛЕНКА: Така, така, брат Димо. Да си ми жив! Да ни се живи младенците!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Што работа те довела, брат Ѓорше?
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
КОСТАДИН: Оди, братче ти е. (Пауза. Си ги допиваат кафињата).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Сакам да кажам.., Ама зошто, бре брате, ти не дојде до мене, туку буп! кандиса!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ПОЦКО: (Се смее.) Е, бре брат Арсо, ти на сѐ капак! (Сипува вино.) Ајде сега вино црвено, да биде уште повесело! Повели, куме!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
СПИРО: Еј, бреј брат Арсо, што тоаф човек си! И отруен човек ќе насмееш. И кога самиот си отруен...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Како што викнаа: „Дојде брат ти Анѓеле“ ја оставивме нивата уште за малку недожниена. Ќе ја испасат ајвани.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
ДЕПА: Да сте живи и вековити. Со здравје да ти оди братчето.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Реков бре, брате, ќе се подрасправи додека каснеме и дојде за излегување, а тоа и не мисли да престане. Си нареди цела педа.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Кажете, браќа, кажете, кажете - па поминете - мене ме ништо не дига, мојата смрт е - карасмрт!“
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)