допир (м.)

55. Мисирков го има предвид и фактот дека, и покрај тогашната силна романска националистичка пропаганда во Македонија, таа не може да претставува реална опасност за Македонците, бидејќи Романија нема никаков граничен допир со Македонија што да ѝ овозможи евентуално проширување на нејзиното владеење и во овој дел од Балканот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така постепено и неосетно се изработуваат азбуките кај понекултурните народи од допир со покултурни народи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Престојот во руската престолнина, активното следење на европскиот печат и живиот допир со европската дипломатија во Битола (и посебно со руската, особено по враќањето од Македонија) му овозможија на Мисирков појасно да ги согледа и оние моменти што не беа видливи низ чадот на секојдневните борби на револуционерите. 49.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ги измамува луѓето...и само со поетите има допир силен ко најприсно сливање.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Врбите пожолтеа и се исушија, стеблата паѓаа и од допир на прст.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Што бара тагата издајничка во очите Еден нем допир зар пробудува едно болно врискање
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Смеата е еден пенлив допир по цветојте палаиот залез со шепотот румен што ги опил.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Што сонуваш и шепотиш и мислиш кога по ноќва моја прстите твои бладаат можеби сакаат да ја откријат вистината што грее меѓу рацете и градите Јас и ти сме како тревата и ветерот: допирот нѐ крена од едно јалово мирување затоа сега нѐ вознемирува овој наслутен лет со кого плискаат љубопитни нашите дланови глуви Желбата благо се нурка во твоите широки очи и шуми за кревкото стебло што скоро ќе се роди
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Ништо не беше допир за таа заспаност, дури ни несигурното чкртање во грлото на една брава, над која се грчеа две сенки сијамски залепени и пошироки отколку високи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За сетилата на луѓето поклопени со мртов мрак во своите соби разјадувачкото крцкање на глувците не беше никаков допир.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ЛУКОВ: Жалам, госпоѓо Христова, но со или без причини - таа жена не ќе може да има никаков допир ниту со Вас, ниту со... Вашиот дом?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Карпата само меко се тргнува во темнината (а во собата сега навираат од цепнатините на закнижените прозорци сончеви зраци) како да го избегнува болезнениот допир на чеканот, се бранува, час истакнато грозна, час магличесто мека и рамна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Дојди, момче! Арсо пристапува напред. Кајмакамот се поткренува од столот и Арсо сеќава скокоткање по образот и топол допир на влажните усни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ковчестиот прст се издолжува кон него и сеќава на челото ладен допир и крцкање на суви коски поминува во мозокот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беа оставени надвор од неговиот свет и денот, што одминуваше во неговите прозорци, и налетите на ветерот, со оној нивни мек закискан допир, и сите, сите други мисли.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А над тој длабок слој стоеше уште една педа висок пепелав и воздушен снег, што се искреше пред очите со сини искри и беше студен како ѓаволот при секој допир до голо месо, просто изгоруваше со својата осојчинава студенина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше трпелив, всушност само чекаше, тука на три метра под него, вршејќи си ја својата работа со една упорност што вџашува; а тој горе беше оној чеканиот и не можеше а да не го сети просто како го престегнува во самата гуша допирот од таквата пеколна морница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дрвото беше толку тврдо, толку суво, што ударите на секирата во него како да не беа допир меѓу челик и дрво, туку судир на челик со челик.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од допирот со јагненцето, од чувството што ја зафати додека тоа го празнеше нејзиното набрекнато виме, што веројатно неисцицано ѝ причинуваше болка, овцата се скроти, а по малку, иако претпазливо, си дозволи да го лизне по опавчето туѓото јагне што го смукаше нејзиното млеко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од допирот со меката козина доживуваше нешто непознато и необично пријатно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе