дразба (ж.)
Проучувајќи го, забележа дека таа појава се јавува под дејство на надворешни дразби: кога ќе чуе во сон дека реката му бучи, станува и оди на реката: влегува во неа да се капи; при допирот со водата, се буди, се исплашува и се враќа назад в кревет; понекогаш ќога ќе го чуе кучето да лае, станува, го одврзува и шета со него; кога чкрта прозорецот од ветер, му се чини дека е на лулашка и се ниша на креветот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Има отсутен поглед, неспособен е да ги прими дразбите од надворешниот свет, раката му е цело време на пулсот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Не само што за физиката се распадна на делчиња, туку и за биологијата, на пр. во гени, и во неврофизиологијата во на точки слични дразби и во лингвистиката на феномени и во етнологијата на културни теми или во психологијата на актоми.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Може да се направи алтернативна стратегија или сѐ останува до личната кондиција, издржливост и праг на дразба?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
- Успешната мешавина од институционализирани и не-институционализирани начини на регулација овозможува понатамошно заклучување за социјално-психолошкиот праг на дразба и ги диференцира видовите на социјален инженеринг.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
На масата пред мене, заради ваквите цртежи исцртувани во часовите на немоќ за јасна мисла и точен збор, се собираа купишта листови и сето тоа подоцна ми создаваше дразба, некој вид иритација, а на целата соба тие чкртаници ѝ даваа изглед на растуреност.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Живиот човек не е ништо поинаков од оние кучињата на научникот Павлов: познатите дразби во него будат импулси за акција, додека непознатите го збунуваат и го дезориентираат...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Ридовите на градот кријат за тебе непозната вегетација, а парковите лачат дразби на коишто немаш одговор.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Неподносливото тропкање на пинг-понг топчето (сега веќе убедена дека тој звук доаѓа токму од тој предмет и од ниеден друг), продолжуваше, а јас станував сѐ почувствителна на неговата дразба.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Бразди насекаде, во дразби потонати.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Дали можеме уште да ја наречеме и дразба која ги струга сите можни агли на сопствената визија за она што сме и што треба да бидеме?!
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)