искрено прил.
искрен прид.

искрено (прил.)

Ако гледаме така на трудот и ако искрено сакаме да се оддолжиме пред нашиот народ, тогаш не ќе се извинуваме дека нема почва за културно работење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Илјада и една ноќ, Робинзон Крусо, Гуливеровото патување, Кожната Чорапа, Винету, Кралчето и просјакот, Сината птица... - Ги имаш тие книги? Не, искрено призав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Искрено: на Пенча и јас му завидував и никако не можев да разберам од каде доаѓа тоа пријателство.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ѓуро искрените ги поздрави искрено и од срце, а на лицемерните не им рече ни „добровечер".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неговите прикаски ги сакам - неуверливи се но течни, смислени, проникнати со искрено верување.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Оти нивата зимава премногу јачеше и сепак нов ја заора плут а Минца иако искрено плачеше можеби пошла за друг.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Утре ти е слава, му говореше жената искрено мразејќи го пожарникарот со бели клепки. Ќе викнеш ли некого од своите колеги.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ѝ рече: „Јано, ти личам ли на дрво?“ „На дрво?“ се зачуди. „Се шегуваш.“ „Не, искрено“, матно бараше. „На дрво - јавор, глог, зеленика.“ „Не ми личиш“, без веселост му призна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стариот учител искрено го жалеше овој млад човек за кого што имаше слушано од другите колеги, дека често го обземало очајание и досада, но си мислеше: ќе му мине; отпрвин сите се лошо расположени, а после свикнуваат, дури по некои и го засакуваат со целата своја душа селото, штом ќе ја откријат смислата на својот свет учителски, позив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Верувај, искрено ти велам: никогаш не сум го сакала Буза.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- И јас сум му благодарна, - искрено вели Весна и гледа негде далеку во планините, како да се мачи да го согледа негде добродушниот лик на Мирчо од Брегово.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во својата душа дедо Димо искрено ја држеше страната на Дуковци, цврсто се радуваше на нивната тврдоглавост, па кога утрово ги виде како жнеат, она негово „Да ви се позлати српот“ беше најубава желба што еден селанец може да му ја упати на друг.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Колку пати сакав да избегам од класот само да не го слушам тоа толку чисто, толку топло, толку искрено сакано - мајка ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Искрено речено, девојките беа и единствената убост во домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Се радувам Леме, рече искрено израдуван, - се виде беше среќен, - многу ми е радосно срцево што се врати твојот вид, момче, а сега ајде да проанализираме малку, Леме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во истиот миг стана и тој, го досигна одликувањето од перничето и застана пред Софронија; пред да му го обеси одликувањето на гуша, му соопшти, не без искрено сочувство, дека неговиот брат носителот на спахиската титула, Георгие Акиноски - Алах да му ја направи миризлива земјата - загинал во бојот со Австријанците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
...затоа овие текстови настанати колку што е можно повеќе во процесот на сопственото ослободување од дистанцата ги чувствувам како разоткривање на мојот пат кон новата проза па ја молам почитуваната редакција да ги прифати како мој предлог во поттикнувачката дискусија што започна да се води на страниците од вашето значајно литерарно гласило... искрено свој, зошто ги сакам кроки цртежите или како да се претрча тревогата од разделбите ...сочноста на зрелиот плод впиена во белината на хотелските соби сокот од нутрината излиен попатно танц фигури во постелината во воздухот допира против вечноста летот на недопуштената цигара кон езерото жарот и водата во неподносливоста куса и жешка средба...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Можам да почнам да растам. Другарски и искрено твој.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Искрено ја љубеше таа отвореност на гласовите и просториите, разголеноста на убавите жени, самодопадливоста на мажите.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ако е за искрено, јас те сакам со двете нозе, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе